Египет: Доктори снимија видео за време на прекин на струја во болница

Сега, многу почесто болниците се третираат како големи бизниси со клиенти, наместо како здравствени установи со пациенти. Докторите кои сакаат да ја почитуваат нивната Хипократова заклетва мора да се надеваат дека нивното раководство го има истиот идеал за грижење за доброто на пациентот како највисок приоритет. Ова беше случај минатата недела, во болницата Ал Матриа во Египет, каде 4 бебиња и 2 возрасни луѓе ги загубија животите поради 2 часовното губење на електрична енергија во раните утрински часови, а генераторите не се вклучија повторно.

Зеинобија пишува:

Минатата недела на 22 мај 2008 болницата Ал Матриа доживеа трагедија, кога се случи прекин на електричната енергија, да прекинот на електричната енергија 8 се случуваше 2 часа и доведе до драматична смрт на 4 бебиња на интензивната нега.

Мора да знаете дека пред овој прекина на 22 мај, болницата доживеа и друг прекин пред три недели, кој траеше 5 минути и мора да знаете дека резервните електрични генератори не работеа!!

Поважно е да знаете дека администрацијата на болницата во Каиро, која го следи министерството за здравство, го знаеше тоа. Мора да знаете дека администрацијата на оваа болница го лажираше времето на смрт на тие бебиња три часа пред прекинот на струјата, со цел да избегне одговорност!!

За време на прекинот, докторите кои беа на должност со др. Акрот, познат на ЈуТјуб како akroot4ever, на своите мобилни телефони ги снимија своите очајни обиди да ги спасат животите на бебињата. Тој објаснува во описот на видеото [ar] дека администрацијата на болницата била запознаена дека генераторите не работат, бидејќи пред три недели пред 2 часовниот прекин, имало прекин на 5 минути и генераторите не се вклучиле, што било невообичаено, па кога се случила трагедијата во 3 часот наутро на 22 мај, машините за одржување во живот немале струја и тоа било причината за смртта на овие бебиња.

Следуваат две видеа снимени од докторите за време на прекинот на електричната енергија, каде звукот од машините, плачот на бебињата и гласовите на докторите ја придружуваат сликата од истите доктори, кои се обидуваат да ги спасат животите на бебињата правејќи се што можат:

Друго видеа поставено од akroot4ever покажува пациент приклучен на монитор кој ги покажува виталните знаци… единствениот проблем е што мониторот ги прикажува демо опциите, каде виталните знаци се прикажани како стандардни за здрав пациент, а пациентот кој е приклучен на овој монитор веќе е починат, незабележан од поголемиот дел од персоналот:

Поддршката е голема за др. Акрон според Зенобија на Египетски хроники, каде тимот од доктори се величат за својата решителност да спасуваат животи за време на кризата и за силата да прикажат што се случило во болницата Ал Матриа.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.