Кина: Кампања од граѓаните за откривање на починатите од земјотресот во Сичуан

来的高举冲锋枪的警察高喊“把手举起来,原地不要动”这个只有大片中才有的场景让我有些不知所措

Полицијата брзо излезе од колата со пушка во раката и повика кон мене ‘горе рацете, стој!’. Тоа беше сцена толку неверојатна што таква сум видел само во американски блокбастери.

На неговито блог, Ли Пеифенг се присеќава на својата средба со полицијата во Сичуан. Немаше шверц, немаше кражба, се што имаше направено беше тоа што волонтирал. Но, оваа приказна не е ништо помалку возбудлива ниту помалку ќе ви ја крене косата од било кој трилер. Тој беше гонет од кинеската полиција.

Сигурни факти

Како се наближуваше годишнината од замјотресот во Сичуан, страшната катастрофа која одзема преку 80000 животи на 12 мај минатата година, Кина мораше повторно да ја покрене тешката тема. Но, за многуте родители чии што деца беа затрупани во рушевините, нивниот кошмар не престана низ целата целата година.

Владата на успеа да објави комплетна листа на жртвите од земјотресот во Сичуан. Има само бројки на загинати, но нивните имиња, возраст и причина за смртта остануваат непознати. Посебно, имињата на учениците жртви се врвна тајна.

Los Angles Times објасни:

The possibility that corruption might have been involved in the building of schools is the most politically sensitive aspect of the earthquake post-mortem.

Можноста дека корупцијата е инволвирана во градбата на училиштата е најсензитивниот политички аспект на анализата на земјотресот.

Според официјалните извештаи минатата година, над 6000 ученици загинале во земјотресот. Училиштата колабрираа во неверојатно висок степен споредено со градбите во близина. Во Беичуан, два ката од средното училиште пропаднаа во земјата.

Нетизените и блогерите, по внимателното испитување на сликите од остатоците, открија дека парчињата го откриваат недостатокот на челичните греди, кои би требало да се главниот потпорен елемент.

Премиерот Вен Џиабао, кои ги прегледуваше опустошените предели, јавно изјави кој ќе биде одговорен за лошата работа. Но ветувањето се уште не е исполнето. Иако неодамнешниот акционен план на National Human Rights ги истакнува напорите на државата за регистрирање на имињата на жртвите, блогерот Ai Xaoming се чувствува фрустриран,

5·12地震过去即将一周年,人们遗憾地看到,到目前为止,尚未有任何一份有关灾区垮塌学校建筑质量的专家调查报告得到公布;公众不仅难以查询到某一学校垮塌原因的详细信息和鉴定结论,而且也不了解这一调查过程到底持续了多久、经过了怎样的程序、是由哪些单位以及责任人实施的.

Помина една година од земјотресот и сега луѓето жалат затоа што никогаш не видоа официјален извештај за вистинскиот квалитет на училишните згради кои се срушија. Јавноста никогаш немаше пристап до ниту една детална причина зошто училиштата се срушија, ниту пак информација за тоа дали некој воопшто врши контрола на квалитетот.

校舍倒塌,除了天災,究竟有沒有”豆腐渣工程”的人禍?哪些有?哪些沒有?遇難學生的家長需要一個答案,但政府卻再三推搪,連最基本的遇難學生確切人數,至今都無法公佈

Каква улога игра човечкиот фактор во оваа природна катастрофа? На родителите на учениците жртви им е потребен одговор, но владата ги отфрли. Не е објавена ниту листа на мртвите ученици.

Исто така блогерот истакнува дека јавната пропаганда веќе е во тонот кој треба да се обвини:

四川地方媒体数家报纸在2008年6月25日同一天登出了同样内容的报道,标题为 《地震是毁房罪魁 幸存者应理性看未来>。

Неколку весници од Сичуан публикуваа еден напис на истиот ден (25, јуни, 08), насловен „Земјотресот главен виновник, преживеаните треба да гледаат напред рационално“.

Граѓаните волонтери, нова ранлива сила

江油市局的警察曾拿着打印的我的照片到旅馆,跟老板说“这个人是一个犯人,看见他的话通知我们”,我可不想再被他们连夜送往“到了你就知道了”的地方了。

Полицијата од градот Jiang You ја носеше мојата слика во хотел и му велеше на газдата „човекот е криминалец. Веднаш штом ќе го видиш да не известиш“. Не сакам да ме пратат некаде каде што немам шанса да знам ако не сум јас таму. — волонтерот Yang Licai, „истражувачки дневник“.

Онаму каде што владата не успеа , граѓаните превземаат. Ai Weiwei од Пекинг, артист познат како ко-дизајнер на олимпискиот стадион „Птичјо гнездо“, започна мал проект кој испраќа волонтери во Сичуан за истражување. Тие тропаат од врата на врата, ги посетуваат семејствата со жртви и се обидуваат да ги интервјуираат официјалните лица во училиштата.

На овој начин, волонтерите успеаја да детализираат околу 6000 имиња на загинати ученици.

И покрај се, тоа беше многу скап процес. Претходникот на Ai Weiwei, Таn Zouren беше првата жртва на владините напори да се спречат ваквите истраги. Los Angeles Times извести:

Tan Zuoren, a literary editor and environmentalist who was creating an archive of children killed in collapsing schools, was arrested in March 2009 on charges of subverting state authority, according to Amnesty International. It said his dog was stabbed and his computer stolen in a pattern of harassment leading to his arrest.

Според Амнести Интернешнал, Tan Zouren, литературен уредник, заштитник на околината, кој креираше архива од децата кои загинаа во срушените училишта, беше уапсен во март 2009 под обвинение за подривање на авторитетот на владата. Тој тврди дека на неговото апсење претходело малтретирање: неговото куче било прободено, а компјутерот украден.

Проектот на Tan Zouren започна во февруари. Тој ги повика луѓето преку интернет и покрена армија од самоорганизирани волонтери. Asia Тimes извести дека

他的好友、四川作家冉雲飛感慨:”你是一個鬍子拉碴的堂*吉柯德,一些自詡聰明的人甚至不無暗諷你的大戰風車,但你依然故我,做著你的調查與努力。”
他被拘時,只有十五歲的小女兒在家,她說:”四五個人沖進來,有人穿著警服,有人沒有,他們出示了證件,然後抄家,然後帶走爸爸。爸爸一句話都沒有說。”

Добар пријател на Таn, сичуанскиот писател Ran Yunfei му рекол, „Ти си Дон Кихот со брада. Некои самобендисани паметни луѓе иронично велат дека се бориш против ветерници, но ти продолжуваш да го правиш тоа во што веруваш и инсистираш на твојата кауза.“
Кога беше уапсен со него дома беше само неговата 15 годишна ќерка. Таа рече, „4-5 луѓе провалија, некои во униформа, другите не. Ги покажаа нивните ИД картички, ја растурија куќата и потоа го одведоа татко ми. Татко ми не прозбори ниту еден единствен збор.“ Ai Weiwei е решен да го спроведе планот на Тан. На својот блог, тој напиша куп телефонски записи кои  бележат како официјалните лица го одбиваат неговото барање за комплетирање на листата со имиња и училишта на загинатите ученици. Вербалните напади помеѓу Ai и вработените во различните оддели понекогаш се горчливо забавни. Беа забележани 150 телефонски повици. Но никаков конкретен одговор

Подоцна Ai го започна својот долгорочен проект. Тој публикуваше најава за својата кампања на својот блог

2008年12月15日,我们开始了“5.12汶川地震死亡学生”的调查整理工作,在多次向四川省政府民政,公安和教育机构要求公布死亡学生人数及名单,遭到拒绝的情况下,通过网络信息线索,对地震重灾区域进行了实地走访调查。在2009年5月12日的地震周年到来之前,完善这份“汶川地震死亡学生”名单。拒绝死亡,尊重生命,寄托哀思,告慰亡灵。

Ја започнавме нашата истрага за учениците жртви во сичуанскиот земјотрес на 15 декември 2008. И оттогаш сите наши барања да добиеме пристап до листата со жртви беа одбиени. Заради тоа, ние собиравме насоки онлајн и марширавме во зоната на земјотресот за теренско истражување. Се надеваме дека ќе ја составиме листата на жртвите ученици пред годишнината од катастрофата. Ја одбиваме смртта, го почитуваме животот и изразуваме сочуство во сеќавање на загинатите.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.