ЕмПивот: Агрегатор за еколошки медиуми

ЕмПивотЕмПивот е веб сајт наменет за споделување на видеа со специфична тема: животна околина. Содржината на овој зелен медиум е додадена на веб сајтот со цел луѓето, организациите и компаниите, кои имаат исти интереси, да можат да се поврзат едни со други. ЕмПивот, како што објаснуваат на нивниот сајт, доаѓа од зборот Empower (овластува) и pivot (значаен), што е она што тие сакаат да го направат преку нивниот агрегатор: Да ги овластат луѓето да ги земат прашањата со животната околина во свои раце со цел да ги свртат работите кон екологијата.

Еден пример е граѓанското видео од Ел Салвадор, каде група од загрижени соседи на потокот Гарабо го снимаат недостатокот од постапки после легално овластување да се поправи штетата направена на потокот, откако г. Орландо де Сола Врајт фрли остатоци од разурнувања во потокот, што предизвика да се наполни со материјали и подоцна да ги поплави заедниците во близина. Иако Салвадорската шеста казнена порота нареди да се отстрани отпадот и да се намали текот на потокот од страна на градителите, оваа пресуда сѐ уште не е спроведена од моментот кога е поставено видеото, во декември 2007.

Исто така, Кинескиот зелен удар зелен брат ни носи хумористична акција од јавниот транспорт во Пекинг, со совети за адекватно однесување во автобусите, искористување на предностите на гужвите во метрото за наоѓање девојка, предностите (и негативностите) за здравјето од возењето велосипед и зошто зеленото е начинот кој треба да се преферира кога станува збор за транспортот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.