Русија: „Фудбалска револуција“

Ова беше луда, непроспиена ноќ во Русија, поради победата на националниот тим со 3-1 над Холанѓаните и нејзиното квалификување на полуфиналето на Еуро 2008. На улиците на Москва, околу 500 000 навивачи ја прославуваа оваа неочекувана прослава – а слична еуфорија се чувствуваше и во повеќето руски градови.

ЛајвЏурнал корисникот веро4ка ја опиша (RUS) состојбата во Москва ноќта на 21-22 јуни:

Москва е гола, пијана, цела покриена со скршени стакла, бројките “3“ и “1“ беа симнати од сите менувачници […].[…]

Улицата Тверскаја е блокирана, има девојки на крововите и хаубите од колите, луѓето ги напаѓаат празните камиони за ѓубре, влегуваат во нив, врескаат; сите момчиња се голи, некои од нив имаат прекрасни тела; девојките од тротоарите ги соблекуваат своите маички и се шетаат топлес; сите се премногу среќни, се носат на рамена, се бакнуваат, се гушкаат со непознати и со возачите на колите кои поминуваат; ништо вакво не се случило претходно, сообраќајните правила не се почитуваат, се случува хистерија на патиштата; сите ја пеат химната, споменикот на Александар Пушкин на плоштадот Пушкин носи навивачки шал, има многу народ со знамиња на споменикот Владимир Мајаковски; ако ние, не дај боже, го победиме ова првенство, ќе има револуција – луѓето ќе го нападнат Кремљ, ќе го изнесат малиот, пијан претседател Димитриј Медведев и ќе внесат некој друг, се на тотално лежерен начин; утрото ќе се разбудиме во друга држава.

Што друго може да го прославиме толку универзално? Нова година? 1 мај? Јас имам 22 години и ова е првпат да го видам мојот народ да побудали од среќа; ниту еден човек не седи на страна, дури ниту чистачите на улиците или мигрантите; тешко ми е да поверувам дека ова е мојот град, ми изгледа како некој да снима филм . […]

ЛЏ корисникот максимкалинов објави фотографии од прославата во рускиот град Твер. Насловот на неговиот пост (RUS) e „Фудбалска Револуција“.

ЛЏ корисникот мног ја помина ноќта во фотографирање на фановите во центарот на Москва. Она што произлезе е овој пост со неколку стотици фотографии – и со стотици коментари (RUS), од кои некои се преведени тука:

трендубранди:

Проклетство, тука има чурки [потценувачки збор за не-словени] на секоја втора слика. Каква [хорор] случка во Москва. Толку многу чурки иако рускиот тим победи. Што ќе се случува на улиците ако слават нешто нивно? Ќе биде комплетен хаос […]. Москва не е повеќе руска … а ова е главниот град на Русија. […]

mnog:

Во секој голем град има многу етнички групи. Со вакви погледи ти треба да живееш во село.

***

колерго:

Дали после нешто вакво ќе се осудат да ги забранат хомосексуалните паради?

***

алгулја:

Ти си храбар човек, јас не би ризикувала да излезам и да фотографирам.

***

најс_скрим:

Инаку, имаше многу кул девојки :)))))

Следното утро, ЛЏ корисникот котјус_сова ги фотографираше последиците од прославата и ги објави на ЛЏ заедницата моја_москва: 10:30 наутро во недела, улица Шипиловскаја во Москва, многу скршени шишиња од пиво.

Еден читател праша (RUS): „Што се случило? Несреќа со камион со пива?“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.