Македонија: Наводно убиство на млад човек предизвика протести

Маса млади луѓе се собра во Скопје во текот на ноќта на 6 јуни да протестира поради смртта на млад човек кој наводно бил претепан до смрт на маргините на прославата на изборната победа на владеачката политичка партија.

Настанот се одвивал во исто време со Баскерфест, годишен фестивал на улична уметност кој се одржува во центарот на Скопје.

Внукот обезбеди превод на англиски на веста од Радио МОФ:

Според вестите објавени на Нетпрес, Плусинфо, Макфакс, Форум и А1 во изминатиот час, во полноќните часови на 6ти јуни (понеделник) на плоштадот Македонија починало момче на возраст меѓу 23 и 25 години. Според изјави на очевидци пренесени од Нетпрес, момчето било физички нападнато од припадник на специјалната единица Алфи.

„Според СВР Скопје првични траги на насилство нема, но обдукцијата треба да пресече за конечната причина за смртта на момчето.

Денеска на пресот на МВР, новинарка од еден медиум, кажала дека наводно видела пред нејзини очи како „Алфите“ вчера вечер тепале момче, и прашала дали досега има пријавено таков случај во полиција.

„Нема пријавено досега таков случај, ќе провериме и ќе испитаме“, одговорија од МВР и ја повикаа новинарката да даде изјава во полиција за нејзините тврдења. “ пренесува Макфакс.

Во моментов нема повеќе информации на други медиуми за овој случај.

Младите на социјалните мрежа Фејсбук и преку хаштаговите #daniel #fontana и #park на Твитер повикуваат на протест на фонтаната во Градски Парк во Скопје по објавувањето на веста на Плусинфо. Според изјавите на Твитер, во Градскиот парк се собрани и очевидци на настанот.

Радио МОФ искажува жалење за смртта на момчето и ги повикува сите кои имаат информации за овој случај да ги споделат истите со медиумите.

Сандра објави фотографија на „повеќе од 200 луѓе кои се собраа да протестираат поради убиството на 23-годишниот #daniel.”

Корисникот на Твитер @365Eclectic објави низа фотографии од протестот и маршот од паркот, покрај зградата на Владата до централниот плоштад:

Share photos on twitter with Twitpic Share photos on twitter with Twitpic

Share photos on twitter with Twitpic Share photos on twitter with Twitpic

Други корисници на Твитер и Фејсбук ја пренесоа рачно напишаната петиција со барања да се распушти полициската единица Алфи, како и барања за лична и командна одговорност за сторителите на злосторот, како и надворешна контрола на случаите на злоупотреба на полициска сила:

Peticijata, procitajte site i rashirete! #daniel on Twitpic

Подоцнежни фотографии од плоштадот од Арангел ја покажува масата со пароли „Љубов за Даниел“ и „Алфи убијци“, како и протест со седнување на главнит еулици во близина на плоштадот:

no comment on Twitpic

Корисникот @malaovca објави фотографија на учесниците на протестот како ја блокираат оближната улица:

Деталите за инцитентот остануваат нејасни, меѓу кои е и идентитетот на жртвата. Дописниците на Глобал војсис од терен ќе пренесат повеќе информации штом тие станат достапни.

3 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.