Саудиска Арабија ги блокира брзите пораки на апликацијата Вибер

По заканата на Саудијците дека ќе го блокираат шифрираниот софтвер за комуникација, освен ако на владата не и биде дозволено да врши шпионажа, апликацијата Вајбер (Viber) за брзи пораки беше блокирана на 5 јуни, 2013. Веб страницата повеќе не може да се посетува и апликацијата не може да оствари контакт.

Блокирањето се случи откако заврши крајниот рок кој Саудиската комисија за комуникации и информациски технологии го имаше поставено. Оттогаш, барем една телекомуникациска компанија беше уловена како се обидува да ја пробие енкрипцијата за да ги наметне владините прописи. Исто така, заканата кажува дека Скајп (Skype) и Ватсап (WhatsApp) се прекршители на сегашните прописи.

Одлуката беше широко осудена во саудиската сфера на Твитер:

Адвокатот за човекови права Абудлазиз ал Хасан објави на Твитер:

إذا حجب الإنسان فكل شيء بعده تبعاً …!

@AHussan: Ако ги блокираат луѓето, тогаш и се друго ќе биде блокирано.

Блогерот Есам ал Замил мислеше дека станува збор само за експеримент:

يبدو أن هيئة الاتصالات (والداخلية) اختارت البرنامج الأقل انتشارا (فايبر) لمعرفة ردة فعل الناس تجاه الحجب.

@essamz: Очигледно, Комисијата за комуникации (и за внатрешни работи [Министерство]) ја одбра најмалку познатата веб страница за да ги испита реакциите на луѓето во врска со блокирањето.

Други пак, ги обвинуваа телекомуникациските компании поради нивната улога во блокирањето:

بإمكان تكونوا صريحين مع المُتلقي وتقولون أن السبب هو ماتتكبده شركات الإتصالات من خسائر فادحة جراء تواجد هذه البرامج!

@mo3tem: Можете да бидете искрени со луѓето и да кажете дека причината била поради големата загуба на приходите на телекомуникациските компании што се случиле токму поради овие апликации.

Позната веб страница за технологија, Технолошки свет, подготви листа со достапни алтернативи кои не се блокирани (не се уште):

بعد إيقاف تطبيق فايبر، هنا مجموعة من البدائل

techwd: По блокирањето на Вајбер (Viber), еве ја листата на алтернативи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.