Америка: Регионот го прославува ослободувањето на Бетанкур и другите заложници

Целиот регион на Латинска Америка прославуваше со луѓето од Колумбија по проширувањето на веста дека поранешниот претседателски кандидат Ингрид Бетанкур и 14 други заложници се ослободени. Во операцијата наречена „Џаки“, Бетанкур, 3 граѓани на САД и 11 членови на колумбиските сили беа ослободени по обидот за спасување. Блогери од многу земји низ Латинска Америка ја споделија својата возбуденост и ги напишаа своите лични размислувања.

Еквадор Кроника Керо [es] напиша за иконата која што Бетанкур постана:

СЛОБОДНА. Баш така со големи букви. […] Бетанкур стана универзален глобален имиџ. […] Го отворивме весникот и го видовме нејзиното ослободување, ние се солидираме со нашите браќа од Колумбија, оние кои бараат мир пред конфронтација. Бетанкур е симбол за борбата против киднапирањето. Денес, Колумбијците се будат различно. Мислам дека и светот, кој сочувствуваше со нив и беше трогнат од нивната приказна, се буди различно.

Боливија – Карлос Густаво Мачикадо Салас од Гучиос [es] ги коментира зборовите на Бетанкур после нејзиното ослободување:

За мене, најважна беше пораката од Ингрид за љубов и опростување, дека таа се молела за смрт и за герилите и како додаток, таа го понуди своето опростување. По тешкотијата и малтретирањето кое таа мораше да го преживее, секој би помислил дека таа би имала само омраза и презир во нејзината душа, но баш спротивно, таа зрачеше со духовен мир и неверојатна поврзаност со Господ. Тоа беше нешто навистина прекрасно и треба да не натера да се насочиме кон нашите мисли за животот.

Аргентина – Мариан Б од Разновидни, Бесмислени и Непотребни Лутања [es] исто така го истакнува говорот на Бетанкур:

Го слушам нејзиниот говор на аеродромот и им завидувам на Колумбијците бидејќи уште еднаш може да се пофалат со одличен, исклучителен и неверојатен политичар. Ќе биде од голема важност за Колумбија ако таа се кандидира за претседател и биде избрана.

Гватемала Пренса Негра [es] е задоволен бидејќи претседателот на Венецуела Хуго Чавез имал многу малку поврзаност со спасувањето:

Спасувањето на Бетанкур, без сомневање, беше најконтроверзното киднапирање од ФАРС во последните години. Најдобро од се е тоа што беше направено без помош од Чавез, бидејќи ако тој имаше нешто со тоа, ќе слушневме се околу тоа!

Перу Меносчанас [es] пишува за тоа што значи ова за герилската група ФАРС.

Насмевките на поранешните затвореници покажува дека ова е еден од најјаките удари на ФАРК, бидејќи сите погледи сега се насочени кон Колумбија. Случајот на Ингрид Бетанкур е најпрепознатливиот и насмевките и прегратките помеѓу поранешните затвореници и повторното обединување со нивните сакани, покажа дека после долг кошмар, сепак може да излезе од него.

Диана Зорила од Морена Ескриб [es] пишува:

Таа стана симбол за катастрофата која ФАРС му ја нанесе на колумбискиот народ и нејзиното ослободување, заедно со другите 14, е многу важна морална победа за Колумбија.

Парагвај – Едвин Бритез од Деречо Вијо [es] пишуваше за Бетанкур претходно во декември и повторно пишува за добрите вести кои се рашириле низ земјата:

Задоволен сум што знам дека денес многу луѓе излегоа на улиците од Асунчион и ја покажаа својата среќа со свирење од автомобилите, за ослободувањето на Ингрид. Многу од нив беа жени. Денес, сите ние, на некој начин, сме послободни од претходно.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.