Западна Сахара: Нова сателитска ТВ станица од Сахрави

Ова ќе биде првиот обид да се покрива блогосферата од Сахрави. Јазан Бадран, заедно со Џилијан Јорк и Рената Авила ќе се обидат да покажат што велат блогерите од Сахрави секој недела, на арапски, англиски и шпански. Темата за Западна Сахара е со многу комплексна позадина и вообичаено има остри реакции кога се дискутира за неа. Ќе се обидат да ја покријат страната на Сахрави најобјективно, колку што е човечки можно.

Овој неделен избор доаѓа од блогот Западна Сахара, кој пишува за новата ТВ станица во Сахрави, Р.А.С.Д ТВ (Демократска Сахрави Арапска Национална Телевизија):

Морам да ви кажам колку долго чекав, како и многу други во окупираните области, за ова новороденче да го види светлото. И после долго чекање, да, ние сега имаме наша сателитска телевизиска станица.

Блогерот вели дека најважната мисија за станицата треба да биде да го промовира случајот на Сахрави помеѓу другите арапски држави:

Најважната улога [за станицата] е да ја пренесува нашата национална цел на нашите арапски браќа. Бидејќи Арапската Лига остана тивка за ова прашање, ние се надеваме дека станицата ќе ги урне овие бариери на молк и дека ќе биде форум за конструктивни и интерактивни дискусии со нашите арапски браќа, што ќе биде најголемиот предизвик со кој ќе се соочува каналот, со оглед на тоа што Арапскиот ТВ Сателитс одби да го хостира каналот на нивните фреквенции.

Тој додава:

Конечно, се надеваме дека каналот исто така ќе ја открие реалноста во окупираните области со прикажување на Сахара од внатрешноста и ќе ја документира оваа ера и овој важен момент од историјата или нашата национална цел.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.