Палестина: Новинарот Мохамед Омер награден, а потоа натепан

Мохамед Омер е млад новинар од Рафа, град во Газа. Пред само неколку недели, на 24 годишна возраст, Омер беше награден со престижната награда Марта Гелхорн за неговото неверојатно новинарство во известувањето за Газа. По неговото враќање, Омер беше задржан од Шин Бет, а по половина ден се појави во болница. Официјалните луѓе од Израел признаа дека го имаат задржано Омер, но изјавија дека тој е задржан за „шверцување“ и дека неговите повреди ги добил кога „паднал“. Се појавија фотографии од Омер во неговиот болнички кревет, а блогерите ги искажаа својот бес и загриженост.

ДесертПис беше меѓу првите да го искоментира ова и беше навреден од недоволното медиумско покривање:

Пред една недела мојот драг пријател и Брат, Могамед Омер, беше скоро претепан до смрт и измачуван од страна на службениците на израелската безбедност.

Оваа недела, две израелски деца беа убиени ладнокрвно од страна на израелските сили. Осум други беа повредени.

Дали прочитавте за некои од претходно наведените случаи во некои извештај од дневниот печат?

НЕ!

Блогерот исто така линкуваше подкаст со интервју од Омер.

Во делот за коментари, Давид Балдингер одговори:

Храброста на Омер е неверојатна. Јас не би можел да го издржам овој третман. Иако измачувањето беше доволно лошо, она што е дополнително тажно е тоа што се случи после неговите среќни денови во странство. Не постои изговор или објаснување што ќе го оправда она што му се случи на Омер. Можеби нешто добро ќе искочи од ова лошо. Ова покажува дека израелската влада лаже и не може да се очекува од неа да ги контролира своите сили.

За крај, Муник – по малку од се коментираше на подкастот, велејќи:

Еден што го слушаше кажа дека ова е најтрогателното нешто што го има слушнато подолго време. Тоа е Мохамед Омер како говори од неговиот болнички кревет за Нора Баров-Фридман од Флешпоинт од Пацифика радио. Таа неодамна беше во Палестина.

Човечката нехуманост кон човек. Може само да плачете.

Петиција со која се бара акција може да се пронајде овде.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.