Сирија: Полицијата уби 25 лица во масакрот во затворот Седнаја

Сирискиот комитет за човекови права (SHRC) објави дека се случил масакр на 5 јули во воениот затвор Саднаја, западен Дамаск. Најмалку 25 затвореници беа убиени од сириската полиција, според Комитетот кој прими телефонски повици од затворот за време на масакрот. Затворениците започнаа протест во седум часот наутро за да побараат подобрување на условите но сириската полиција реагираше со пукање врз невооружените затвореници предизвикувајќи непотврдена бројка на жртви и повредени. Во меѓувреме, Сириската новинска агенција, SANA, објави изјава од властите во која вели дека го вратила мирот во затворот откако биле предизвикани немири од терористи и екстремисти.

Сириските блогери од земјата, но и од дијаспората, ги изнесоа своите ставови за овој трагичен инцидент. Започнуваме со Ахмад (Ар) кој блогира од Сирија и ги наведува имињата на сириските затвореници кои ги загубија животите кога во нив, невооружени, пукаше Сириската полиција:

1 – Закарија Афаш
2 – Мохамед Маџавиш
3 – Абделбаки Катаб
4 – Ахмад Шалак
5 – Калед Билал
6 – Моахад ал Али
7 – Муханад ал Омар
8 – Кодар Алуш
9 – Махмуд Абу Рашед

Ахмад ги уверува своите читатели дека затворениците не користеле оружје кога ја презела контролата врз затворот, туку дека се предале по преговорите со сириската полиција. Тој исто така спомнува дека се шират вести за можноста за посета на родителите на затворениците на нивните синови, сопрузи и роднини во затворот минатата ноќ, но Ахмад вели дека тоа досега не е потврдено.

Спротивно на она што веб-сајтовите за човекови права го велат за протестот одржан од политички причини, Ахмад го завршува својот напис објаснувајќи ги вистинските причини зад овој втор протест во сирискиот затвор:

“ الهدف منها تحسين الخدمات و الحد من الاكظاظ المفرط ، و تقليل جولات التعذيب الذي يعاني منه السجناء الإسلاميون بكثرة كما يُشاع في الفترة الأخيرة. بالمناسبة : المدوّن السوري طارق بياسي معتقل في هذا السجن ، سجن صيدنايا ، نسأل الله أن يحميه و يحفظه.“

„Целата беше да се побара подобрување на условите во затворските ќелии, да се намали збиеноста, да се намалат измачувањата на „исламистичките“ затвореници во затворот… Патем, сирискиот блогер Тарик Бајаси е во овој затвор, затворот Седнаја. Се молиме на Господ да го заштити.“

Нашиот следен блогер Готфрид Штуц бара од сирискиот режим да прекине со „брзото убивање“ на невооружени затвореници и бара ослободување на сите затвореници и затвореници на совеста:

„Наместо да ги испраќа претседателот и министерот на сончање заедно со Никола Саркози во Плас де ла Конкорд за време на парадата по повод Денот на Бастиља, сирискиот режим е должен да го информира својот народ за тој затвор, веднаш да прекине со убиствата, да држи фер судења и да ги ослободи сите затвореници што се затворени поради нивната политичка определеност или поради искажување на своето мислење.“

Дисафекшн е уште еден сириски блогер, всушност еден од новите гласови на сирискиот агрегатор, Сирија Планет, чијшто прв коментар за масакрот беше: „нема чад без оган“, тој вели:

„Овој инцидент бил предизвикан, излегол од контрола, додека безбедносните сили кои го предизвикале поради нивната неспособност изгубиле контрола по што било повикано засилување кое требало да ја смири состојбата по секоја цена. Вообичаената цена.“

Конечно завршуваме со цитат од друг анонимен нов сириски блогер, Џебз, кој го обвинува режимот за неговите постојани „неуспеси“:

Ова е ужасно, срамно за владата. Ова не е прв пат годинава владата да не успее да го направи тоа што треба да го направи, ако се сеќавате на борбите меѓу две секти во Хама годинава“.

Вреди да се спомне дека ова е вториот пат во два месеци затворениците на затворот Седнаја да протестираат против ужасните услови во затворот.

Семејствата на затворениците побараа од сирискиот претседател да прекине со овој грозен третман на невооружените граѓани и побараа да дознаат што се случило со нивните роднини.

Овој втор масакр ја означи 27-та годишнина на затворскиот масакр во Тадмур (Палмира). Кликнете овде за повеќе информации.

Нека почиваат во мир.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.