Палестина: Убиство или терор?

Само Арапите се терористи… е напишано на насловот на блогот Живот од окупираната Палестина. Блогерот посочува кон насловите кои се раширија низ Израел и странските весници откако Хусам Тајсир Двајат, Палестинец кој живее во Ерусалим, возеше булдожер низ полна улица во западен Ерусалим, убивајќи тројца и ранувајќи најмалку 66 други лица. Настанот заврши кога израелски војник, кој не бил на служба, пукал во Двајат и го убил.

Меѓу насловите кои следуваа по лудувањето на Двајат имаше „Ужасно лудување со булдожер во Ерусалим“. Тие исто така се насочија на претходната врска на Двајат со еврејка, со наслови како „Напаѓачот од Ерусалим имал девојка-еврејка“. Некои написи дури известија дека Двајат извикувал „Господ е голем!“

Живот од окупирана Палестина го одговара прашањето зошто Двајат е означен како терорист:

Значи ако убиството на Двајат не е со политички мотив, доколку не се однесувал според „суб-национални групи или илегални агенции“, зошто од страна на израелските медиуми, политичари и други државни службеници тој е обележан како „терорист“? Зошто кога тој дејствувал сам, поради што израелските сили и полицијата веруваат дека е непланиран настан, Двајат е означен како терорист?

Одговорот нормално е едноставен. Двајат беше палестински Арап, па затоа тој мора да биде терорист. Овој факт и само овој факт е причината поради која тој е означен како терорист.

ДесертПис исто така е свесен за насловите и го коментира вниманието на врската на Двајат со еврејка:

Навистина светско откритие… Порано беше „Сите вести што одговараат, ние ги печатиме“… Сега е „Сите вести што продаваат, ние ги печатиме“.

Затоа, јас барем нема да ги купам!

Вил од КАБОБфест споделува друга перспектива; симболизмот на булдожерот во Израел и Палестина:

Со убивање на три израелски цивили, овој акт на убиство претставува иронична трагедија. Додека пролевањето на цивилна крв не е оправдано, како ние говориме за таков акт е важно. Наместо да го означиме како изолиран инцидент или како уште еден бездушен палестински напад, навистина треба да разгледаме зошто опремата за градење стана алатка за смрт и уништување во Израел и Палестина. За Палестинците, булдожерот е симбол за израелската агресија. Еден напад од Палестинец не го менува тој факт. Ова само не потсетува на итната потреба од склучување мир.

Рима Абделкадер, на нејзиниот блог Arabisto.com, им помага на читателите да го разберат инцидентот и објаснува:

Уште еден многу важен факт, кој беше изоставен во репортажите од средата, е дека булдожерите во некои случаи се користат за да се уништат палестинските домови. Со еден дури беше убиен американскиот активист за мир, Рејчел Кои, во март 2003, која го жртвуваше својот живот за да ги спречи уривањата. Оваа информација е значајна за дискусиите на настаните од средата, бидејќи напаѓачот користеше булдожер за да убие невините цивили.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.