Египетска жена убиена во германски суд поради тоа што носела вел

Многу одамна египетските блогери не биле толку согласни во своето мислење. Но, најновиот криминал од омраза кој се случи во Германија против муслиманка од Египет, Марва Ел Шербини беше доволна причина за тие повторно да се обединат, осудувајќи  ги интернационалните медиуми поради игнорирањето на такви инциденти против муслиманите на Западот.

Приказната не враќа во Август 2008 кога Марва покрена случај за клевета прoтив нејзиниот убиец, Аксел, 28 годишен невработен Германец затоа што ја нарекол „терорист“ бидејќи носела хијаб (исламски вел).

Меѓутоа, минатата среда, Алекс до смрт ја избоди 18 пати во германската судница откако судијата  изјавил дека таа го добила случајот против него и дека тој треба да плати 2,800 евра како казна за навредите.

Марва, 32 годишна Египќанка, беше сопруга на египетски академик, кој престојуваше во Германија со стипендија. Нејзиниот сопруг беше исто така повреден во инцидентот и сега се наоѓа во болница и е во критична состојба, помеѓу животот и смртта.

Zeinobia го искажа својот гнев преку пост насловен „Што ако таа беше лезбејка“ и вели:

Жената е 32 годишната Марва Ел-Шербини, таа беше бремена со второто дете кога беше прободена.
[…]
Ова со сигурност е криминал од омраза, но не како другите, на пример хомофибичничниот криминал или анти-семитскиот, за овој немаше наслови во странство и не знам зошто!! Ова е расистички криминал, господе, жена е прободена толку едноставно во судницата и тоа не е доволно важно за да биде пренесено од медиумите како што треба!! Таа беше мајка која што беше бремена!! Нека Алах ја благослови нејзината душа. Таа е маченик на расизмот и омразата.

ahmed

Ахмед Есмат пишува на Twitter: Работата е што европските медиуми не го покриваат убиството на Египќанката Марва во Германија. Ајде сега да зборуваме за фер однесување.

Истата мисла ја пренесува и Hisham Maged на својот блог, играјќи ја играта Што ако:

Ајде да ја играме играта – Што ако, замисли дека ситуацијата е обратна и жртвата е од западот и е прободена било каде во светот од било кој од средно источните земји со муслимански екстремисти или  како што медиумите обично велат „малцинството“ во Египет. Сигурно ќе слушнеше како светот зборува за тоа, а исто така и на интернет!

Bikya Nasr, која го следеше инцидентот, прашува дали Марва може да биде симболот кој ќе ги собере луѓето заедно. Тој побара итна рекција на дипломатско и национално ниво:

На Средниот Исток, гневот е голем. Но, овој гнев не треба да падне во замката на редовни жестоки напади на Германците или Германија. Мора да задржи одредена привидна кохеренција за било која кампања која е поставена за да успее. И ќе успее ако Шербини навистина е симболот кој ги обединува луѓето како што Неда го направи тоа во Иран.
[…]

Дали луѓето веруваат дека Шербини е симбол? […]Египќаните би требало да бидат шокирани затоа што една жена е злоставувана заради тоа што носела вел и на прво место, затоа што била Египќанка. Владата треба да и испрати силен сигнал на Европа дека нејзиното однесување е неприфатливо, но тие молчат. Оставено е на египетската популација да превземе акција.
[…]
Ајде да се собереме на улиците пред германската амбасада и да бараме целосна истрага и извештај. Бидејќи ако Германија не може да го направи тоа, тогаш тоа уште еднаш покажува дека омразата наЕвропјаните спрема муслиманите и Арапите е посилна од нивната таканаречена „слобода“. Да, Марва е симбол, но таа треба да биде симбол кој ќе ги обединува луѓето, а не да ги дели.

Друг блогер  Sadafat пишува:

لو أن يهوديا أصيب بكلمة أو مزحة ثقيلة في ألمانيا لأقامت رئيسة الوزراء الدنيا ولم تقعدها ولتنادت فوكس نيوز وسكاي نيوز بالدفاع عن العنصر السامي واعلان الحرب على اعداء السامية، وأما الأخت المصرية هذه فلا بواكي لها.
يجب ان تعلن الحكومة الألمانية ان هذا التصرف يمس المسلمين، يجب ان تضع في دستورها للغالبية الثانية من الديانيات وهم المسلمين حقوقا تحفظهم من العداء ضد الإسلام.
Ако евреин е повреден во Германија, па макар и со еден збор или шала, премиерот ќе направи се и ќе ги повика Fox News и Sky News за да ги брани семитизмот и ќе им биде објавена војна на анти-семитистите. Но никој не плаче за египетската жена која почина таму.
Германската влада треба да знае дека овој чин ги засега муслиманите и треба да напише во Уставот за втората поголема од нивните религии, Исламот, дека нивните права ги заштитуваат од омраза спрема Исламот.
Egyptian bloggers comenting or venting out their frustrations on Twitter.

Египетските блогери коментираат или  ги празнат своите фрустрации на Twitter:

wael: RIP #Marwa, жена со фереџе прободена 18 пати до смрт пред нејзиниот 3годишен син во Германија

elmonkez: Ова е една од главните причини зошто нашите животи се евтини во другите земји, бидејќи нашата влада не превзена ништо кога ќе се случи нешто вакво. #Marwa

SomeMuslimMan: Севтот кој зборуваше за убиството на #Neda воопшто н зборува за убиството  на #Marwa. RIP двете

waelabas: Барам убиецот на #Marwa да биде суден како да е муслиман кој прободел евреин до смрт!!!

harvarddr: убиецот на #Marwa мора да биде обвинет за убиство од 1 степен. Германското судство мора да докаже дека нема расизам кон муслиманите.

А јас се најдов себеси како ги пишувам овие линии на мојот блог Lasto Adri:

بعد أن قال الغرب أن قاتل مروة الشربينى لا يمثل ألمانيا، وأن الحادث مجرد عمل فردى،
لا أتوقع من الغرب -ذاته- أقل من أى يلغى من كل معاجمه فكرة أن المسلمين إرهابيين، ويؤمن أن بن لادن وأعوانه -مثلا- لا يمثلون العرب أو المسلمين فى شئ، وأفعالهم كلها فردية!وعلى رأى المثل.. لا تعايرنى ولا أعايرك.. دا التعصب طايلنى وطايلك!
Откога Западот рече дека убиството на Марва не ја претставува Германија и тоа е индивидуален акт… Не очекував ништо помалку од истиот тој запад освен бришење на идеата дека Муслиманите се терористи од сите негови речници и да верува дека Бин Ладен и неговите пријатели на пример не ги претставуваат Арапите или муслиманите воопшто и дека сето тоа што тие го работат се индивидуални активности.
И како што вели поговорката: Не ме обвинувај за нешто што го правиш и ти. Сите ние го имаме истиот екстремизам.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.