Бахреин: Прослава на арапската блогерска заедница

Многу блогери од арапскиот свет користат платформи на арапски јазик за своите блогови, како што се Џеран и Мактоб, и овие сајтови прераснаа во големи заедници кои ги преминуваат националните блогосфери. Нашиот популарен блогер од Бахреин, Шаима Ам Ватани, го прославува првиот роденден од нејзиното приклучување во заедницата на блогери на Џеран.

Шаима, чиј блог е наречен „Расфрлани исечоци“, ја раскажува приказната за нејзиниот почеток:

Почетокот на моето патување со Џеран беше на ден како овој, минатата година. Патувањето беше започнато од мојот сопруг Валид, кој го започна мојот блог во јуни. Тој остана празен додека на 5 јули не решив да напишам напис, кој беше наречен „Личноста на луѓето…дали се менува?“ Тоа беше стар напис, кој го имав напишано за време на моите студии. Чекав секунда по секунда, гледајќи го бројот на посетители за тој ден и не добив ниеден коментар за тој напис. Меѓутоа, продолжив да објавувам се додека не го добив првиот коментар од Рабаб Ахмед од Бахреин и тоа беше почетокот…

Џеран, за мене, стана мала заедница која го содржи и доброто и лошото од другите заедници. Затоа решив да дадам заклетва дека ќе останам искрена со сите и лојална кон нив колку што се тие лојални кон мене, што е одлична можност да се сретнат различни луѓе – оние кои се разликуваат од тебе интелектуално, социјално па дури и морално.

Меѓутоа, се појавиле и некои проблеми:

Месец по приклучувањето во светот на Џеран, бев жртва на инцидент, со кој можеше да предизвика мое повлекување од таа заедница откако два мои написи беа плагирани. По долги конфронтации и дискусии со блогерот кој го направи тоа, чувствував потреба да се повлечам, но она што ме натера да продолжам беше борба да си ги вратам моите права. Мојата одлука тогаш беше да не дозволам никому да ја направи таа одлука, кога знам дека сум во право. Не сум човек кој се плаши од злобници и да им дозволува да ги шират своите лоши дела. Денеска ја разбирам правилноста на мојата одлука како што гледам многу напуштени блогови, откако нивните сопственици биле навредени, обвинети и ограбени.

Еден од лошите денови беше и денот кога мојот блог беше нападнат, предизвикувајќи моја паника и жалба до администраторот на Џеран да ги чува нашите блогери од хакери.

Но во целост тоа е многу позитивно искуство:

Помеѓу постигнувањата во мојата прва година како блогер беше моето искачување на листите на бахреински блогери долг период. Исто така бев и меѓу најдобрите блогери на Џеран. Неколку од моите постови беа избрани од Џеран. Можеби моето најголемо достигнување беше запознавањето на блогери од целиот арапски свет и разменувањето идеи со нив.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.