Чиле: Ученик фрли вода во фацата на министерот за образование

Во Чиле, ученик на кој му е дојдено преку глава од репресијата и затворањето на учесниците во протестите за новиот закон за општо образование (ЛГЕ), како и од тепањето и злоупотребата извршена врз неа од страна на полицијата за време на овие протести, и се пожали на министерката за образование на еден од Парципативните собири организирани од Министерството [es] на кој се дискутираше за ЛГЕ, дискусија која заврши со фрлање на вода во фацата на министерката, како што може да се види на следново видео:

Во ова видео, поставено од корисникот профеметрополитан, се покажува конференцијата за време на Партиципативните дијалози. Во 2:02 минути од видеото, во средина на расправиите против ЛГЕ, 14 годишна ученичка, во црвена јакна се гледа како поставува прашања за нејзините притворени соученици и бара објаснувања за тепањата која таа ги преживеала. Тогаш таа се придвижува до сцената каде што е министерката Моника Џименез, инсистира да зборува со неа и е блокирана од владините претставници, а потоа таа зема бокал со вода и ја фрла водата во фацата на министерката.

Студентите од Чиле протестираат за новиот општ закон на образование [es], кој како што известува Ервин, соработник на блогот Латин Американс, се очекува да биде одобрен од Сенатот, а се однесува особено на деловите за насоки кон профитабилно образование, како и можности за избирање на студенти базирани на социо-економските нивоа и академските постигнувања за да се запишат во училиште, а тука се спомнуваат и жалбите дека владата не ги следи договорите склучени во протестите во 2007. Во средината на овие масивни протести, врз илјадници ученици и наставници е извршена репресија од страна на полицијата и некои од нив се притворени, како што може да се види во овој мешап од телевизиски слики во кој се известува за овие настани.

Министерката изјави [es] дека фрлањето на вода во нејзината фаца е пример за тоа како луѓето без аргументи за да ги докажат своите мислења применуваат насилство.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.