Мароко: Реалноста на проституцијата

Мароко е познат по својата голема стапка на проституција. Иако можеби не е толку голема како што е позната кај земјите од Гулф, Мароко – со двете карактеристики за сиромаштија и туристичко место – е дом на многу млади девојки кои бараат „излез“. Додека некои одат во странство да студираат или работат, други се вртат кон проституцијата. Многу од нив работат во мали градови во Мароко чии најчести муштерии се сограѓаните Мароканци; додека другите стануваат дел од големата мароканска секс туристичка индустрија, од која голем број криминални случаи се спроведуваат секоја година. Сепак, некои работат во богатите Гулф држави; некои успеваат како фризерки или забавувачи, но други завршуваат – самоволно или не – како проститутки.

Еден феномен во Мароко е преминот од студент во проститутка. Блогерот Зборови за промена има напишано одлично дело за младите девојки од Мароко, кои за да ги финансираат своите студии во големиот град, се вклучуваат во проституција. Извадок од овој текст:

Во женскиот дом,  Аиша научи како да се облекува, шминка и да оди како жена. Во женскиот дом таа беше доведена во искушение да заработи пари за да ги плати убавите алишта, кои ја правеа да изгледа како градска девојка. Првиот чекот кон проституцијата беше тајното излегување со постар маж, кој ја покани во добар ресторан и ѝ помогна да ја открие својата женственост и шарм. Смртоносниот убод беше кога таа дозна дека треба да плати со своето тело за неколкуте сметки со кои ги исполнува своите фантазии.

Откако Аиша дипломираше, беше многу тешко за неа да го напушти нејзиниот добро платен ноќен живот за мизерна канцелариска работа или да ги напушти светлата на големиот град за мал дом во Лајеб. Таа ми кажа со огорчен глас: „Додека студирав тоа беше само колку да заработам за џепарлак. Не сфатив дека сум проститутка се додека не стана моја редовна работа после дипломирањето.“ Аиша сѐ уште живее во градот и работи како проститутка за да испрати пари на нејзината фамилија и да ги плати своите трошоци. Нејзиното образование и убавина и овозможуваат многу богати и добро познати мажи да платат за нејзините услуги.

Уште еден неодамнешен пост, од Тејокер, прикажува како изгледа животот на проститутка во Мароко:

Тие всушност се проститутки, едноставен збор од вас ќе ги возбуди и тие автоматски ќе започнат конверзација. Она што е за жалење е што многу од овие девојки студираат, имаат сиромашни фамилии и ја вршат оваа работа поради недостаток на пари. Еднаш видов една девојка, многу млада, која ми изгледаше како невина, се плашеше некој да не и пријде, а на крајот кога и пријдоа, таа продолжи да биде стегната. Навистина е жално она што го гледаме на улиците на Казабланка. Некои Мароканци велат дека доколку девојка не носи превез, тогаш може да бидете сигурни дека е проститутка. Не е како во Европа каде проститутките се признаени со закон. Тука е навистина важно што не знаеме која девојка е проститутка, а која не. Претпоставувам дека има некои девојки кои носат фармерки и западни облеки, кои не се проститутки, но секој мора да бара пред да најде вистинска љубов.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.