Иранските блогери реагираат на договорот помеѓу Израел и Хезболах

Додека иранската влада се радува на ослободувањето на либанските затвореници од Израел, блогерите побрзаа да прашаат за бројот на Иранци затворени во Либан.

Мохмад Али Абтахи, поранешен ирански потпретседател и блогер, вели дека секој што е запознаен барем малку со светската политика или е барем малку чесен, ќе ги признае победите на Хезболах и Саид Хасан Насрала од последните две години. Абтахи додава:

Западните медиуми тврдат дека Хасрала е под влијание на иранските власти, кои се одговорни за надворешните работи на земјата [Либан]. Јас мислам дека ова се празни зборови, бидејќи ако нашата дипломатија може да делува за иранските интереси како што Хезболах делува за своите, Иран може да постигне големи победи. Со такви победи, како што има Саед Хасан, ние може само да посакуваме тој да биде ирански дипломатски советник.

Фуригх2007 вели дека националниот (државниот) медиум на Иран ја прославувал оваа размена, помеѓу Израел и Хезболах. Блогерот додава:

„Неколку ирански безбедносни агенти се земени како заложници во јужен Либан, но иранската влада одбива да преговара. Зошто иранската влада се радува за размената на затвореници во Либан, но одбива таков акт за спасување на ирански граѓани?“

Тоби не се сложува [Fa] и вели:

Иранските власти не се во право кога велат дека размената е понижувачки неуспех за Израел. Израел покажа огромна почит кон своите мртви луѓе.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.