Русија нуди 4 милиони рубљи за пробивање на мрежата Тор

Tor logo used with permission. Image remixed by Kevin Rothrock.

Лого на Тор користено со дозвола. Фотографија направена од Кевин Ротрок.

Руската влада нуди речиси 4 милиони рубљи (околу 100 000 американски долари) на некој кој може да развие веродостоен начин за декрипција на информации испратени преку анонимната мрежа Тор. Кампањата на Кремљ против отворениот интернет, да не ги спомнуваме и откритија во САД за владино шпиунирање, ја направија мрежата Тор се попривлечна за руските интернет корисници коа гледаат да ја заобиколат државната цензура.

Развиена како проект на американската лабораторија за поморски истражувања пред повеќе од декада, Тор го прави интернет сообраќајот анонимен преку испраќање на податоците низ уникатна конфигурација на точки познати како рутирање во слоеви (onion routing system). Сега во рацете на непрофитна група, проектот продолжува да добива федерални средства, но може да се пофали со околу 4 милиони корисници низ целиот свет, меѓу кои и дигитални активисти со добри технолошки познавања во држави каде техничката цензура и набљудувањето преовладуваат. Дури и Стејт Департментот на САД подржува програми кои ги тренираат странските политички активисти да ја користат Тор за да се заштитат себеси од очите на нивните авторитарни влади.

Тор се сретна со проблеми во Русија и во минатото. Секако, главната државна сигурносна агенција, ФСБ, лобираше во Думата минатата година да се забрани Тор. Замениците изразија поддршка за иницијативата, но таа никогаш не излезе од комисијата.

Лидерот на Руската пиратска партија, Станислав Шариков вели дека обновувањето на интересот на руската влада за пробивање на Тор можеби има повеќе врска со реални полициски грижи отколку со политичка репресија. Договорот од $100,000 (релативно мала сума на пари според глобалните индустриски стандарди) не е понуден од ФСБ туку од Министерството за внатрешни работи, кое според Шариков е повеќе заинтересирано за борба против детската порнографија отколку дисиденти против Путин.

Се разбира, Тор е технологија за „двојна употреба“. Со овозможување на луѓето да избегнат цензура и шпиунирање, мрежата се користи и од луѓе вмешани во организиран криминал, дистрибуција на дроги и размена и продажба на детска порнографија. Документите кои ги објави Едвард Сноуден докажуваат дека Националната сигурносна агенција на САД посветила значајни ресурси за хакирање на Тор, за да се здобијат со личните податоци на луѓето кои ја користат.

Владата на САД ги наведува точно овие грижи од користењето на Тор кога ги оправдува своите напори за декрипција на податоците на корисниците. Но анонимната природа на мрежата ја отежнува задачата да се дознае кој и за што точно ја користи.

Иако не е веројатно, доколку успее проектот на Русија за декрипција на податоците, тоа може да загрози милиони интернет корисници чиј интерес за онлајн анонимност е далеку од злобен.

2 коментари

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.