Претставување на победниците од видео натпреварот за демократија

Што е демократија? Ова е прашањето кое повеќе од 900 учесници се обидоа да го одговорат преку нивните видеа, како одговор на Видео натрпеварот за демократија организирано од Американската влада и многу други партнери, кој беше отворен за учесници од целиот свет. Преку нивниот YouTube канал, луѓето ги праќаа нивните видеа кои ја дополнуваа фразата Демократија е... преку анимирани фотографии, снимки во живо или документарци не подолги од 3 минути. По процесот на селекција, беа избрани 18 финалисти и јавноста ги избра најдобрите 6, по еден од секој географски регион: Западната хемисфера, Европа, Средниот Исток/Северна Африка, Субсахарска Африка, Јужна и централна Азија, Источна Азија/Пацифик.

Економистот Хернандо де Сото се појавува во следното видео во кое им честита на победниците и им се заблагодарува на оние кои учествуваа:

Победниците се:

Од Бразил, Ана Каролина дос Сантос Израел, студент по филм која ни покажува дека демократијата е консензус, дури и помеѓу два различни делови на истото тело:

Од Обединетите Арапски Емирати, Родин Хамиди е фотограф кој ни покажува дека за да се постигне демократија е потребен процес кој побарува многу голема упорност, бидејќи напорите може да не бидат ценети од оние на кои им се најмногу потребни:

Од Непал, Тсеринг Чоден ја прикажува демократијата како комуна помеѓу луѓе со различни грижи и потреби:

Од Полска, Ликаз Созда, илустратор кој ни покажува преку анимација како демократијата се вклопува во повеќе од еден концепт:

Од Фиипините, Мелиса Анџела Верзоса Пенафил, режисер, ни прикажува различна перспектива на демократијата на поетски начин: можеби зборот демократија е премногу користен и на тој начин неговото значење се губи.

За крај, Од Замбија го имаме режисерот Чанса Тембо, кој накратко ја опишува демократијата како мешавина која е многу подобра од своите индивидуални состојки.

Им посакуваме многу среќа на победниците и се надеваме дека ќе имаме можност да ги следиме додека тие патуваат низ САД во октомври.

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.