Казахстан: Поставување на граници он-лајн

Пред неколку дена корисниците на Интернет во Казахстан почнаа да набљудуваат еден чуден феномен. Од неодамна, Google.kz пренасочува кон главниот веб-сајт на Google.com со интерфејс на казахстански јазик. Ова беше непријатност за оние кои го користат Гугл пребарувачот преку прелистувачот Chrome, бидејќи секој пат кога се обидат да пребаруваат, се појавува празна почетна страница на казахстански.

Бил Каран, постар заменик претседател во Гугл и шеф на одделот за инфраструктура на пребарувањето, објаснува на официјалниот блог на компанијата:

Пред еден месец, Центарот за мрежни информации на Казахстан не информираше за одлуката на Министерството за комуникации и информации на Казахстан. Според документот, сите имиња на домени во .kz зоната, вклучувајќи го и google.kz, мораат физички да престојуваат на сервери во земјата… Затоа донесовме одлука да ги пренасочуваме посетителите од google.kz на www.google.com на казахстански јазик.

Цртеж од казахстанскиот блогер Фрозен Кинг

Mr_recovery сака сѐ да се врати по старо, бидејќи таквата „новина” ќе влијае негативно на веб-сообраќајот во Казахстан во целост:

„Старата“ верзија вклучуваше пребарување во рамките на казакстанските сајтови. Сега повеќе нема таква можност.

Но, yerden има сосема различно мислење. Тој ја поздравува таквата одлука, и смета дека казахстанскиот интернет сектор треба да биде законски регулиран:

Поставување на (Гугл) серверите на територијата на Казахстан ќе го стимулира развојот на интернетот во Казахстан. Името на доменот .kz е поврзано со Казахстан и неговите сајтови имаат локална публика. Така, мора да направиме наша сопствена инфраструктура и центри за податоци, да создадеме работни места и да ги зголемиме даноците тука, во Казахстан.

Quessir категорично не се согласува:

Гугл нема да биде во можност да обезбеди услуги за пребарување тука во целост […] Компанијата постапува правилно со тоа што одбива да учествува во овој циркус. И тие отворено, искрено и недвосмислено кажаа така.

Roma_penman смета дека одлуката на Гугл не е постапка за пред јавноста, туку придржување кон корпоративната филозофија:

Гугл е компанија со вредности и принципи. Се заложува за отворен интернет без граници… И тоа е огромна компанија – ако Гугл го напушти Казахстан, колку ќе изгуби од приходот?  Најверојатно, 0,000001 проценти?

Vladimir78 го додава својот аспект на гледање на листатa на негативни последици:

Најголем дел од веб-сајтовите во Казахстан ги загубија своите посетители… и парите кои ги имаа инвестирано во оптимизација за сервисите за пребарување [SEO].

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.