Египет: Тест за проверка на невиноста

Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Револуцијата во Египет во 2011 година.

По ужасната потврда дека се спроведувале тестови за невиност на жените демонстрантки кои беа задржани за време на Египетската револуција, гневот ги обзема не само жените во Египет, туку и мажите кои не можеа да поверуваат дека оние кои се бореа за достоинство и слобода се нападнати на таков понижувачки начин.

Кога се обелоденија тврдењата во март 2011 год., Врховниот совет за вооружени сили го негираше ова. Сепак, генералот кој неодамна призна дека се спроведувале тестови за невиност се оправдуваше дека задржаните жени не биле ,,нормални” египетски девојки, а Врховниот совет за вооружени сили ги спроведувал овие тестови за да се избегнат обвинувања за сексуално малтретирање.

Ова видео, од Tahrir Diaries, прикажува сведочење на девојка која била тестирана:

Тврдењето дека тоа се случило за да се избегнат обвинувања за сексуално малтретирање преку сексуално и емоционално малтретирање на жените кои мирно протестирале, беше дочекано со торнадо од гнев и презир.

Мишел Гонзалес напиша:

Секое лице може да биде силувано, независно од сексуалната ориентација, пол, сексуална историја, религија и сл. Аргументите изнесени од овој анонимен владин претставник се фактички некоректни и заслужуваат морално недопустливи.

А Зеинобија изјави:

Ми се допаѓа фактот што секогаш кога, и со кој и да било, зборувам за проверка на невиноста, сите тоа го сметаат за прекршување на човечноста, без каква било дискусија.

Потврдувајќи го фактот дека нарушувањето на приватноста на жената е акт на малтретирање Мишел во истата порака изјавува:

Барањето од жената да сподели лични детали за нејзината сексуалност со претставници на владата е нарушување на нејзиното право на приватност. Информацијата за сексуалниот живот на некој човек не треба да е предмет за казна од страна на државата, ниту пак треба да се искористи за манипулација со кредибилитетот на личноста.

A banner from a stand against SCAF which reads: "Our Daughters are a Red Line".

Знаме за протест против Врховниот совет за вооружени сили на кое пишува: ,,Нашите ќерки се црвена линија''

Во објава која се однесува на корените на сексуалното малтретирање во Египет,  Ајман Ашур ја разработува целта на овие тестови за проверка на невиноста од негова гледна точка:

Целта беше сексуално понижување и на крајот засрамување на овие жени. Оние кои што ја спроведувале оваа срамна акција биле свесни за опсесијата на Еѓипќаните со хименот. Терминот против револуција се употребуваше многу во Египет до неодамна, ретко сум видел ваков чист пример на бесрамен криминал против револуционерното однесување, суров и насилен обид да се поврати назад Тахрир од овие паметни и чесни жени.

Хименот секогаш бил предмет за дискусија во Египет. Овие обвинувања и преземени акции не се само шлаканица на лицето на подобрата половина на египетскиот народ, но и неуспех на двата принципи на револуцијата – достоинство и слобода.

Оваа објава е дел од нашето специјално покривање на Револуцијата во Египет во 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.