Ненадејно ревидирање на руската понуда од 4 милиони рубљи за кракување на мрежата ТОР

Rewriting a procurement order to hide the scary stuff? Image edited by author.

Повторно пишување на наредбата за набавка за да се сокријат страшните детали? Фотографија поднесена од авторот.

Руското министерство за внатрешни работи го ревидираше јазикот користен во наредбата за набавка во која нудат 3.9 милиони рубљи (околу 100.000 американски долари) за развивање на начин за дешифрирање на кориснички податоци на анонимната мрежа Тор.

Федералните власти ја објавија оригиналната верзија на тендерот на 11 јули, 2014, но поголемиот дел од интернет корисниците и медиумите дознаа за истиот вчера, 24 јули, по читање на извештајот на веб-сајтот TheRuNet.com. Пред неколку часа денеска, 25 јули, официјални владини претставници го променија описот во наредбата за набавка, отстранувајќи зборови за пробивање на дигиталната приватност на корисниците.

 Оригиналната верзија на наредбата за набавка беше:

«Выполнение НИР «Исследование возможности получения технической информации о пользователях (пользовательском оборудовании) анонимной сети ТОR», шифр «ТОР (Флот)».

Имплементација на истражување: „Истражување на можноста за добивање на технички информации за корисниците (корисничката опрема) на ТОР анонимната мрежа,“ шифра „ТОР (Флота).“

 Новиот опис на наредбата која сега може да се прочита на веб-сајтот сега едноставно вели:

Выполнение научно-исследовательской работы, шифр «ТОР (Флот)»

Имплементација на истражување, шифра „ТОР (Флота).“

Се уште не е јасно зошто руската влада ја шифрираше ТОР мрежата како „ТОР (Флота).“ Можеби тоа се должи на фактот дека Москва првично ја додели оваа шифра на ТОР, на почетокот позната како „the onion routing network“, додека таа беше под спонзорство на Лабораторијата за поморски истражувања на САД. Можеби и не, бидејќи, зборот „флота“ (што може да се преведе и како „морнарица“) се појавува и во други соопштенија за набавка кои немаат врска со ТОР или со САД.

Тоа што е јасно е дека некој во руската канцеларија за набавки помислил дека е мудро да се омекне јазикот во наредбата за декрипција на ТОР, под претпоставка да направи владата во Москва да изгледа помалку заинтересирана за нарушување на приватноста на луѓето.

Тетјана Локот помогна во развојот на овој пост. Посебна благодарност до Јосеф Кокс за свртувањето на вниманието на РуНет Ехо за онлајн ревизијата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.