Сеул кажува „не“ за Убер, но се уште не го оставајте вашиот мобилен

Image of Seoul taxi by Mark Zastrow (CC BY NC 2.0)

Фотографија од такси возила во Сеул на Марк Застров (CC BY NC 2.0)

Локалната администрација во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, ја забрани Убер, популарната транспортна мрежа која користи мобилни апликации за да ги поврзе патниците со возачите на автомобили за изнајмување, но и за заедничко патување во ист автомобил без наплатување. Официјалните владини претставници на Сеул велат дека локалните закони за регистрација и работа на такси компании го прават бизнис моделот на Убер нелегален. Убер не останаа без одговор кон проблемите во овој град. Компанијата неодамна го предупреди градот дека истиот „е во опасност да остане заробен во минатото и чекор назад од глобалното движење на споделувачка економија“.

Крајот на Убер во Сеул поттикна разновидни реакции, вклучително во медиумите и помеѓу корисниците на градските такси служби.

Конзервативни медиуми се фокусираат на тоа како Убер нанесол штета на локалниот такси бизнис и охрабрил одбегнување данок — две работи за кои Убер и локалните власти имаат судири и во други држави. Сеулската ИКТ заедница, од друга страна, изрази страв дека забраната на Убер би можела да има смрзнувачки ефект врз идни иновации и стартапи во Јужна Кореја.

Еден исклучок вреден за споменување во морето од крајно полемични написи за Убер во Сеул е Bloter.net, веб-сајт на кој новинари и блогери заедно известуваат за ИКТ новости. Bloter.net  ја истражи контроверзноста околу Убер, и пронајде дека комплексноста на случајот го прави тежок за разбирање од само технолошка или регулаторна перспектива. Такси бизнисот, Bloter.net објаснува, не влијае само на возачите и денешните такси компании, туку и на многу групи од интерес, вклучувајќи локални власти, синдикални друштва, и се разбира корисници. Тргајќи ги настрана грижите околу избегнување на данок, Bloter.net прашува дали Убер навистина ги исполнува очекувањата на „економија на споделување“:

하지만 우버는 국내에서만큼은 이런 혁신성을 퇴색시켰다. 불법성을 감수하면서까지 렌터카와 대리운전 기사를 운전기사 공급망으로 끌고 들어왔고, 최근들어서는 용역업체를 통해 기사를 충원하고 있다[…]무면허 택시와 유사한 행태를 보이고 있다[…] 수많은 이해관계가 얽히고설킨 택시 경제를 위협하고 있다. 택시 경제는 ‘불친절의 상징’이지만 ‘퇴직자의 마지막 탈출구’이기도 하다 […] 임금 체계의 부조리를 담고 있어 언제 터질지 모르는 인화물질이다.

Иновацијата на Убер, барем во Јужна Кореја, не може никаде да се пронајде. Покрај законските проблеми, Убер ги повлече возилата на изнајмување и возачите во својот круг на вработени, и сега Убер дури регрутира и возачи преку агенции […] Всушност, компанијата сега многу наликува на нелегална такси компанија. […] Убер ја предизвика такси економијата, која и самата е вплеткана во сопствени проблеми и групи на интерес. Таксистите [во Кореја] се познати по својата непристојност кон корисниците, но тие се и исто така „последна опција” за пензионерите. […] Тоа е платежен систем изграден на толку апсурдности, буре барут спремно за екплозија.

Пишувајќи за youngrok.com, технолошки блогер возврати на написот на Bloter.net, велејќи дека обвинувањата против Убер се престроги. 

현재의 법과 상충하는 새로운 비즈니스가 등장했을 때 그 사회가 선택할 수 있는 방법은 두 가지다. 하나는 그냥 법을 그대로 두거나, 혹은 추가로 금지하는 법안을 만들어서 금지하는 것. 두번째는 새 비즈니스를 합법적으로 할 수 있도록 법을 고치고, 세금을 징수하는 것 […] 그러니까, 우버의 합법화 논쟁에서 답해야 하는 질문은 우버가 이 세상에 해로운 비즈니스인가? 이다[…] 지금 우버가 이렇게 고객들에게 호평을 받는 것은 그동안 택시가 워낙 개떡같았기 때문이다. 택시는 이용객들도 싫어하고, 택시를 이용하지 않는 자가용 운전자도 싫어하고, 심지어 버스 승객들까지 싫어한다. 그럼 현재 택시가 이렇게 개판이고, 그 구멍을 우버가 잘 메꿔주고 있는데도 우버를 허용하면 안되는가?

Кога се појавува некоја прилика и се судира со законот, постојат два ставови кои општеството може да ги заземе. Прво, може да ги остави законите како што се или да изгласа дополнителен закон за забрана на бизнисот. Втората можност вклучува подесување на законот, со цел оданочување на бизнисот. […] Ние би требало да се запрашаме, „Дали Убер наштетува на нашето општество?“ […] Корејските корисници на такси услуги го користат Убер бидејќи постојните услови во такси возилата на компаниите се неверојатно лоши. Муштериите ги мразат. Возачите на истите ги мразат. Дури и возачите на автобуси ги мразат. И Убер всушност доста добро го пополнува просторот. Па, земајќи го предвид сегашниот статус на такси системот, зошто не можеме да го дозволиме Убер?

Корисниците на такси во Кореја, исто така, се поделени по прашањето за Убер. Некои велат дека такси услугите во Сеул, кои имаат релативно голема покриеност, се доволно добри како што си се. Други тврдат дека Убер нуди далеку подобра услуга од локалните таксија. Без разлика на мислењата на луѓето за транспортната индустрија, повеќе Корејци онлајн се скептични кон новиот план на Сеул да лансира домашно направена такси апликација која е многу слична на Убер. Покрај сите грижи за такси сервисот од следната генерација во Кореја, скандалот со Убер во голема мера промовираше и дискусија за постојниот такси систем на државата.

Можеби не е задоволен со истите, но Убер треба да ги почитува сегашните закони на Кореја. Сепак, јас се надевам дека оваа контроверзност ќе донесе промени во такси културата и услугите на државата — не само мобилните апликации за такси, туку целата средина. Постојат многу разлики помеѓу таксија во кои можеби ќе платиш малку повеќе, со пријатни возачи кои ќе ти ја отворат вратата (како со Убер), и коли кои корнат на цигари и возачи кои зборуваат премногу.

Одлуката на Сеул да го забрани Убер и да дизајнира мобилна апликација која ќе го замени е едноставно глупаво. Доколку Убер е на некој начин нелегален, тогаш ја разбирам потребата да се забрани. Но, сега градот ќе направи и негова апликација за истото? Што е следно? Забрана за Airbnb и лансирање на хотелска апликација од градот?

Всушност, јас мислам дека Сеул треба повеќе да се фокусира на подобрување на работните услови на таксистите и квалитетот на такси услугата отколку да се бори со Убер.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.