Уганда: Изборите во Уганда од 2011 година на Твитер

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Уганда: пешачење до работа во знак на протест.

Граѓаните на Уганда ќе гласаат утре за претседателски и парламентарни избори. Главните кандидати за претседателската трка се претседателот Јовери Мусевени, Др. Киза Бесиги и Норберт Мао.

Корисниците на Твитер се зафатени со зборување за изборите, користејќи го хештагот #ugandavotes.

RedPepperUG пишува на Твитер:

Новости: Полицијата го негира испраќањето на пораки со кои ги советува луѓето во Кампала да ја складираат храната за време на изборниот период #Ugandavotes

Иднината е неизвесна:

Можам да го почувствувам чукањето на срцата на граѓаните на Уганда, бидејќи одиме кон неизвесност. Никој не ја знае иднината на Уганда, после утре. #ugandavotes

Никој не знае што ќе се случи овој викенд:

Секој што ќе го прашаме што ќе се случи овој викенд го кажува истото: Немам идеја?! #ugandavotes

Луѓето повлекуваат пари, бидејќи се плашат од хаос:

@easyTyzee луѓето повлекуваат.. исплашени од хаос, потоа кукавиците како @MrKaraIII мораа да заминат во село. #ugandavotes

Повеќето луѓе ја напуштаат Кампала:

Само што возев низ Кампала од Наманве кон Вандегеја, изгледа како половина од луѓето од Кампала да се надвор од градот. #Ugandavotes

Главниот град е празен:

Изгледа иселувањето започна. Овој град е чудесно празен. #ugandavotes

Ако луѓето ја напуштаат Кампала, кој ќе гласа?

Добро, да речеме дека е вистина тоа што луѓето ја напуштаат Кампала. Дали тоа значи дека излезноста на гласачите ќе биде мала? #ugandavotes

Навистина ли луѓето бегаат од Кампала?

Целата идеја дека луѓето „бегаат од Кампала“ е погрешна. Заборавивме дека многу луѓе се регистрирани да гласаат во внатрешноста на земјата. #ugandavotes

Војни и гласини за војни:

Ќе има војна и гласини за војна. Индустриската зона штрајкува: не е поврзано со изборите. Несреќа во Гумисириза: не е поврзано со изборите.

Изборите доаѓаат со нови автобуски цени:

Автобуските цени се зголемуваат како што се враќаат граѓаните на Уганда дома да гласаат, на пример, до Мбарара се зголемија од 30к на 50к, до Масинди од 12к – 30к #ugandavotes

Испраќајте СМС извештаи на UgandaWatch:

ДЕМГруп: „Луѓето имаат слобода да ги пратат своите пораки на 6090, тие ќе бидат следени само од UgandaWatch“. #ugandavotes

UgandaWatch користи Ushahidi:

Изборите во Уганда се гледаат со користење на Ushahidi технологијата на групни извори ugandawatch2011.org #Uganda #UgandaVotes #Africa #Uganda2011.

„Пазарот на гласање“ постои:

Најскапите избори досега. Клучно е поткупувањето на гласачите. Во самракот пазарот на гласање ќе работи добро. #Ugandavotes @vote4Africa.

Никогаш не се знае што следно ќе направи Уганда:

Уганда е како момче кое е издрогирано првпат…НЕМАТЕ ПОИМ ШТО ЌЕ НАПРАВИ ТОЈ СЛЕДНО! #ugandavotes

Двајца луѓе умреа од насилство поврзано со изборите:

@UgInsomniac имаме информација дека двајца луѓе умреа во судири помеѓу поддржувачите на Гуми и Киома, ситуацијата уште тензична. #ugandavotes

Уште еден инцидент:

Пратеник од Уганда застрела поддржувач на опозициските кандидати. #ugandavotes

Следете го @rbaguma:

Следете го Рејмонд Багума (@rbaguma). Тој ќе има новости од Кирухура каде што ќе гласа Претседателот.

Тонот за ѕвонење на мобилниот телефон на Мусевени:

Зборувајќи за изборите. Само што слушнав дека тонот за ѕвонење на мобилниот телефон на Мусевени, кога му се јави Бесиги, е NO LOVE од Еминем. #Ugandavotes

Владата не треба да ја блокира комуникацијата:

DEMGroup: „Осудуваме секаков план за блокирање на комуникацијата, тоа не е демократија и најстрого го осудуваме“. #ugandavotes

Уганда не е како Египет:

M7 [Museveni]: „Јас сум најголем непријател на диктаторите“. Ги отфрла сите споредби со Египет, Тунис. #ugandavotes

Ќе ја плати ли Уганда цената за игнорирање на сиромашните?

Како поинаку ја објаснувате ситуацијата во Египет, 100 пати побогат од Уганда? Тие ги игнорираат „другите државјани“ и ја плаќаат цената. #Ugandavotes

Молете се за Уганда:

Молете се за мојата сакана татковина Уганда. Се надевам дека сите ќе останат мирни и спокојни и ќе го оствариме нашето право на демократија утре. #UgandaVotes

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Уганда: пешачење до работа во знак на протест.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.