Либан: Италијанска лекција за Либан

Кои се сличностите помеѓу Либан и Италија, освен фактот дека и двете земји излегуваат на Медитеранот?

Блогерот Антоун Иса, во неговиот последен пост на Лебанис Чес расправа дека неговото разбирање на италијанскта политичка корупција несомнено може да се спореди – и директно и индиректно со либанската политичка корупција исто така. Тој пишува:

Како и Италија, Либан за чудни 60 години од независноста потона во корумпирано политичко уредување кое не покажа знаци на исчезнување и покрај проклетите граѓански војни и бесконечните економски пропаѓања.

Иса ја започнува својата дискусија посочувајќи на Италијанецот Бепе Грило (италијански активист, комедијант и актер), кој одигра улога во откривањето на финансиската измама на Пармалат (Пармалат е италијанска корпорација за храна и млечни производи) Тој вели:

Гневот на јавноста го катапултираше во слава комедијантот Бепе Грило, кој се бори против корупцијата. Веројатно, најпознатото достигнување на Грило беше откривањето на финансиската измама во гигантот за млечно производство Пармалат во 2003.

Блогерот потоа дискутира за своите искуства, споредувајќи ги околностите како граѓанин на Либан со изјавите на Бепо Грило:

Италијанскиот комедијант изјавува дека секој во Италија знае за скандалот со корупцијата, но благодарение на политички-управуваните медиуми, никој не зборува за тоа. Звучи познато, драги Либанци? Тоа веројатно објаснува зоштоДеили Стар никогаш не објавува мои материјали.

Една кратка и брза аналогија од гледна точка на блогерот додава повеќе детали на неговата расправа со повлекување паралели помеѓу либанското и италијанското општество:

Сценариото не е многу поинакво во Либан. Ненадејната обсесија со материјално поседување, имиња на познати светски марки и озборувања за ноќниот живот во Бејрут допринесоа за политички умор и го закиселија повикот за очајна промена. Многу Либанци, како и многу Италијани , преферираат да ја игнорираат политичката корупција задушувајќи ги нивните секојдневни животи оддавајќи се на привлечни материјални богатства.

Антоун Иса го завршува својот напис изјавувајќи дека Италија си го најде својот овчар во Бепе Грило, кој ги покрена масите:

Тоа е повикот за будење на Италија.
Сега ние само треба да го најдеме повикот за будење на Либан.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.