Филипините: „Лежење како штици“ против скратувањата во образованието

Илјадници студенти на Филипините излегоа на улица на 19 јули 2011 година, со цел барање на поголем буџет за едукација од претседателот Нојној Акуино.

Протестирањето со „лежење како штица“ е еден од најновите трендови на Филипините. Oпишан како „лежење на земја со рацете на страна, имитирајќи дрвена штица“, тој вклучува објавување на слики од учесниците на интернет. Тие обично се фотографирани како „лежат како штици“ на необични локации.

Некои критичари го поврзуваат „лежењето како штица“ со натрупувањето на африканските робови на штиците од бродовите со кои биле пренесувани. Студентите-демонстранти кои го користат овој метод на изразување на својот револт му дава некоја целосно нова димензија на овој чин. Од форма на изразување револт кај африканските робови во 17-иот, 18-иот и 19-иот век „лежењето како штица“, сега прераснува во една креативна форма на протест која вклучува окупирање на јавен простор.

Студентите протестираат против намалувањата на буџетот за државните универзитети и колеџи, како и недостигот на одлучувачки чекори од страна на владата во контролирање на школарината и другите трошоци, преку организирање на таканаречениот „протест со масовно лежење за правото на образование“ против Аквино и неговата влада. Подолу се дадени слики од протестирањето со „лежењето како штици“ во Универзитетот на Филипините кои се објавени на Фејсбук.

Tochipat of misguided adventures изјави дека ова е дел од обидите на студентите да ја зајакнат кампањата за повисока државна помош во секторот на образование.

Креативни начини на протест се прикажани од страна на студентите со цел зајакнување на пружената поддршка.

Еве неколку реакции поврзани со новиот инвентивен начин на протест објавени на Твитер:

@plsburydoughboy: „лежењето како штици“ е вежба. Тоа е глупав начин на протестирање, иако признавам дека имам слушнато почудни работи да се случуваат.

@mayk_beltran: Протестирањето со „лежење како штици“ за образование од страна на студентите tinyurl.com/3uvj2kg (лично се чувствувам премногу стар за ова, но звучи привлечно).

@glenleonard: Новиот начин на протестирање на студентите е „лежење како штици“! хахахахах барем се адаптираат на новите времиња.

@lancekatigbak: Масовно „лежење како штици“ е новиот начин на протестирање? Што по ѓаволите?

@venzie: Студентите ќе одржат протест утре со „лежење како штици“. Се зборува дека е неодоливо.

Дадено е видео од овој начин на протест објавено преку Pinoyweekly media:

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.