Камбоџа: Блог напис доведува до истражување за убиство

Едно истражување за пријавената смрт на еден камбоџиски работник во Малезија е иницирано од страна на Амбасадата на Камбоџа во Малезија во соработка со полицијата, според еден напис од Phnom Penh Post.

Тетката на работникот била информирана од агенцијата за вработување APTSE & C Cambodia Resource Co Ltd дека нејзината 19-годишна внука умрела од воспаление на белите дробови, иако медицинските тестови направени во Камбоџа истиот септември покажале дека нејзиното здравје е во одлична состојба.

Сега е наведено дека е можно да била убиена, пропратено со произлегување на агрегаторот на вести, Khmerization, кој објавил и дистрибуирал електронска порака напишана од анонимец кој известил дека куќна помошничка во Малезија е злоупотребувана од својот работодавец.

Случајот е преземен од група на борци за правата и политичари кои апелираа за соодветна истрага. Анонимниот испраќач на писмото напиша до Khmerization:

Налетавме на блог на вашата страница (khmerization.blogspot.com) поврзан со „Амбасадата во Малезија спаси камбоџиска куќна помошничка со помошта на напис од Khmerization“, објавен на 23.03.2011. Би сакале да го привлечеме вашето внимание кон скорешната смрт на камбоџиската куќна помошничка која се сомневаме дека е последица на нејзиното константно изложување на физичка и ментална тортура од страна на нејзиниот работодавец.

Според соседството, тие константно се сведоци на злоупотребата на покојната и многу пати истата побарала помош од други куќни помошнички од соседството. Еден ден пред нејзината смрт, таа испратила порака во која пишувало дека ако навистина почине без некоја посебна причина, сака да се информира нејзиниот чичко во Камбоџа.

MP Mu Sochua vows to investigate the death of the teenager domestic worker

Треба да биде споменато дека Khmerization еднаш успешно ги има убедено властите да поднесат истрага и да ѝ помогнат на друга куќна помошничка од Камбоџа која била злоупотребувана од нејзиниот работодавец во Малезија. Освен објавувањето на напис за злоупотребувањето, Khmerization има испратено писмо по електронска пошта охрабрувајќи ги своите читатели да испратат писмо до амбасадата во Малезија.

Според извештајот од 2011 изготвен од страна на КАРАМ Азија, КАРАМ Камоџа и Танаганита, насловен како „Проверка на реалноста: Правата и законите за работниците-мигранти од Азија“, бројот на камбоџиски работници-мигранти во Малезија изнесува повеке од 40,000 од кои 51.7% ѝ припаѓаат на женската популација. Извештајот подвлече неколку чести злоупотребувања кои им се случуваат на овие работници:

  • Условите за работа се разликуваат од договорот потпишан помеѓу работникот и нивната агенција во Камбоџа, вклучувајќи и помала заработка и стегите поврзани со долговите кои се непознати за работникот сè до моментот на започнувањето со работата.
  • Задржување во агенциите за регрутација, во центарот за вежбање
  • Малолетни девојки се испраќаат на работа со фалсификувани документи
  • Не исплаќање на платите
  • Нерегуларно плаќање (работниците-мигранти се плаќани само на крајот на нивниот договор)
  • Долги работни часа
  • Работно време од 24 часа на ден
  • Претерани задачи и должности
  • Нула слободни денови
  • Немање приватност
  • Вербално злоупотребување
  • Сексуално злоупотребување
  • Физичко злоупотребување
  • Одземање на личните документи

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.