Писмо од Кина до норвешкиот убиец

Многу кинески граѓани не можат да се помират со делата на Андерс Беринг Бреивик во Норвешка. Но, тие се сè помалку загрижени за мотивите и идеологијата на Бреивик. Во нивните очи, Норвешка е рајот, каде луѓето уживаат во висок стандард на живот и не мораат да се соочуваат со притисокот на преживувањето. Како може ова да се случи?

За да го истражи ова прашање, една кинеска блогерка, Фати Флавер, на својот блог, Дубан, објави долго писмо до Бреивик. Таа нему му предложува во следниот живот да биде кинески граѓанин за да научи повеќе да цени колку е среќен што е роден во Норвешка. Напишано со големо ниво на сатира, писмото претставува опис на секојдневните битки со кои секој Кинез треба да се соочи во животот сè од неговото раѓање. Написот прерасна во хит и беше објавен на многу други медиуми, меѓу кои и дневниот весник Гуангзхоу.

Подолу е даден преводот на оригиналниот напис, заедно со неколку избрани коментари за истиот:

你好布雷维克,我是一位来自中国的女青年,几天前听说你杀了至少86个人,今天晚上借着拉屎的时间,我酝酿了下思路,决定写一封信给你,我可能做不到语气平静,如果各种嬉笑怒骂让你不爽,请贱量!当然我觉得你不大可能真的看到这封信。

首先,你TM真是太走运了,生在挪威这种地方,上学不要钱,从头到JB都有ZF养,娶了老婆之后,继续给你养小孩,下岗了还有钱拿能在家喝茶!拔diao 无压力说的就是你这种情况你知不知道!在遥远的东方不知道多少人羡慕你!还有你的JB!!!!你怎么就不珍惜幸福美好的生活!

中午看CCAV的报道,记者们到了你家楼下,我由衷的想赞叹一句哇塞豪宅啊!好几层啊!!!这么大占地面积你可以养一窝金陵十二钗啊!接着记者继续跟警方 来到你的农场。尼玛你居然还有农场啊!不知道占地多少公顷哟!尼玛你知道农场在中国比东厂还珍贵稀有吗!!!你知道郭芙蓉跟吕秀才的半生积蓄只够买一个牛 棚吗!你到底有没有在好好生活啊!

你说你杀这么多人,到底图个啥?

人活着,不就图个生有所养,老有所依吗?你从小不用喝着三聚氰胺兑的奶长大,虽然你们那里水果蔬菜贵了点,但是至少你永远都不用知道地沟油炒菜的味道,顺便说一句其实还挺美味的,羡慕吗?

寂寞了你可以出门看看海看看峡湾,空虚了滑滑雪钓钓鱼,再不然道德低下一点花钱找人亲亲你抱抱你,找基友结婚都不犯法,你还有什么不满意的?听说你爸在法 国买了房子住的挺开心,你怎么不没事儿去看看老人家,权当出国旅游啊。P.S.你知道遥远的东方平常老百姓出个国有多困难吗?

以前看电影的时候我知道欧洲有火车联票,买联票可以坐上小火车在各个欧洲国家之间穿梭,我不知道挪威有没有这个项目,不过这么美的地方,你带着老婆,出了城坐个火车,吃着火锅唱着歌,也能游得很开心嘛。

没有体验过HARD模式的人就是不知道真正艰难的生活是哪样。

我不知道你是否还有追随者或者崇拜者,如果有的话,我劝你们,赶紧各回各家各找各妈吧,你们其实幸福的像花儿一样。

中文里有一句古话叫做饱暖思yin欲。我古文不好,不知道这个yin欲是不是单纯指的性欲,我们姑且把它理解为邪念吧。其实你的行为要我说,就是五个字: 吃饱了撑的。想想非洲那些不知道食物是什么的孩子,他们可没功夫想怎么报复社会。其实这事真的该怨挪威ZF,你想啊,他们把你照顾的好好的,让你不需要为 生计发愁,人一空闲下来,就容易瞎想。你说说你自己是不是这样。所以还有一句话说:人类一思考,上帝就发笑!

听说你杀了这么多人不用死,我不知道是不是该祝贺你,毕竟自然老死很奢侈,好多人都等不到。

鉴于这辈子你可能走不监狱,于是我真诚的邀请你考虑下辈子来中国投胎。在这里,生下来你就是个操心玩意儿,黄山黄河让你便秘,长城长江让你尿急。成长的过 程里你要和毒奶粉抗争,跟瘦肉精博弈。你要上各种兴趣班,左手奥数右手英语。运气好的话,你有可能出国,回到你上辈子呆过的地方,然后长舒一口气。运气不 好的话,你要经历千军万马的高考。之后上大学,再之后要谈朋友谈工作了吧。房子车子准备好你才可以拔diao。在拔diao的那一瞬间,你有没有觉得一丝 失落? 或者是片刻的如释重负?

不过别担心,后面的生活更跌宕起伏。你的孩子就要出生了,你要担心他的户口智力和健康,为了不输在起跑线上你玩胎教,恨不得隔着肚子教会他十八般武艺。

再之后孩子出生了,此处省略八百字,因为你都经历过,这是一个复杂又熟悉的循环。

是不是觉得还不够刺激不够操心?

没关系,我们再说说一种东西,英文叫做surprise,中文叫做意外。

这种东西在中国跟马克思主义哲学一样,从来都供大于求。

意外让你上天入地,而且意外来去匆匆,新鲜刺激还容易遗忘。

你也许会在ATM机上突然取出一笔巨款,也许会走在路上被一辆风驰电掣的三菱跑车撞飞,会在村头的大树底下被一辆卡车碾过,也许你落魄到在街头当小贩卖水 果,被一种叫做城管的警犬以破坏市容为由揍得低空掠过。也许你会被神秘BOSS怜惜,做了他的男宠,你从此有爱马仕还有玛莎拉蒂。不过也许你没有这等艳 遇,只是带着妻子孩子安安分分的生活,偶尔出去旅旅游,坐个高铁。然后你知道,你带着老婆孩子,出了城坐在动车上,是不是觉得这个场景似曾相识,好像上辈 子也经历过?别着急,你猜得中开头,却猜不中结局。

你们吃着火锅还唱着歌,突然,追尾了。

而且最刺激的是,你死了,但是在伤亡名单上你还活着。

说到这里,不知道你有没有一点心动。现在是北京时间23点11分,也到了我该睡觉的时候。千言万语最后汇成一句话,与君共勉:

Добредојде во Кина.

Драг Бреивик,

Јас сум млада дама од Кина. Пред неколку дена, разбрав дека си убил 86 луѓе. Вечерва ги организирав моите мисли и одлучив да ти напишам едно писмо додека бев во тоалетот. Ти се извинувам за моето потсмевање и груб тон. Но, секако, мислам дека не постојат никакви шанси ти некогаш да го прочиташ ова писмо кое ти го испраќам.

Најпрвин, ти си толку среќен што си роден во Норвешка. Нема потреба да обрнуваш внимание на твоето школување. Твојата влада се грижи добро за тебе, од глава до пенис. Откако ќе се ожениш добиваш финансиска помош за твоите деца.  Кога си невработен добиваш пари и добиваш да го пиеш твојот чај дома! Дали знаеш дека живееш во средина во која можеш да водиш љубов без никаков притисок! Во далечниот исток, толку многу луѓе ти завидуваат! Тебе и на твојот пенис! Зашто не го цениш твојот живот!

Ова попладне, го гледав извештајот на Централната кинеска телевизија и видов новинари кои се собираат околу твојата куќа. Какво луксузно место! После тоа новинарите ја следеа полицијата до твојата фарма. Ти имаш фарма! И колку многу хектари земја опфаќа таа! Дали знаеш дека во Кина бројот на фарми е помал од бројот на фабрики! Дали знаеш дека Гуо Фуронд и Лу Ксиукаи, два лика од телевизиска серија, можат да си дозволат само еден штала со половина од нивните животни заштеди! Дали го живееш твојот живот исправно!

Ти уби толку многу луѓе. Зашто го направи тоа?

Луѓето се стремат кон добар живот и пријатно стареење. Ти не мораш да растеш со млеко од конзерва. Иако овошјето и зеленчукот во твојата земја се можеби малку скапи, никогаш нема да го знаеш нивниот вкус кога се приготвени со нелегално цедено масло. И дури е вкусно! Завидливост!

Кога си осамен, можеш да одиш да му се восхитуваш на  на Фјордот.  Кога се чувствуваш празно можеш да одиш да скијаш или да ловиш риба. Или со понизок стандард, можеш да платиш некој да те прегрнува и бакнува. Дури и стапувањето во хомосексуален брак е во ред. Што повеќе може човек да побара? Разбрав дека твојот татко има куќа во Франција и живее таму прилично среќно. Зашто не одиш да го посетиш него и да го доживееш тоа како прекуморско патување? Дали знаеш колку е тешко за нас од Истокот да направиме едно такво патување?

Знам од филмови кои сум ги гледала дека во Европа има возови чија линија минува низ неколку земји. Не знам дали ја покриваат и Норвешка. Но, во такво убаво место, можеш да патуваш надвор од градот со воз заедно со твојата жена, да јадеш добра храна и да пееш убави песни. Колку убаво би било тоа.

Оние кои го немаат искусено тоа навистина не знаат колку тежок начин на живот може да биде наложен.

Не знам дали имаш обожаватели или луѓе кои те следат. Ако имаш, ги советувам да си одат дома. Тие се благословени како мали цветови.

Постои кинеска поговорка, „Ако некој е стоплен и добро нахранет, ќе мисли на неразумен копнеж“. Мојот класичен кинески не е толку добар и не сум сигурна дека „копнеж“ тука има само сексуално значење. Да претпоставиме дека значи злоба. Со мои зборови, вишокот на енергија ти ја пренасочуваш на погрешни места. Помисли на оние деца од Африка кои немаат идеја што е храна. Тие едноставно немаат енергија за да мислат како да му се одмаздат на општеството. Всушност, ние овој инцидент треба да ѝ го препишеме на Норвешката влада. Помисли на ова: владата толку добро се грижи за своите луѓе, што тие не мора воопшто да се грижат за животот. Смешни мисли доаѓаат од луѓето кои безделничат. Постои поговорка: „Човекот размислува, Господ се смее“.

Разбрав дека не мора да умреш после убивање на толку луѓе. Не знам дали да ти честитам за тоа. И покрај сè, да доживееш природна смрт е луксуз за многу од нас.

Бидејќи најверојатно нема да излезеш од затвор до крајот на твојот живот, искрено те предизвикувам во твојот следен живот да бидеш Кинез. Овде, на островот на Жолтата Планина, Жолтата Река, Големиот Зид и Јанкцекјанг реката, животот е комплициран од моментот кога си роден. Од самиот почеток се бориш со млеко во прав од конзерва и отровно месо. Уште од најмала возраст мораш да посетуваш „часови по интерес“, да учиш англиски јазик и да вежбаш математика. Ако имаш среќа, ќе добиеш карта да одиш на прекуморско патување и да се вратиш на местото во кое си бил во твојот претходен живот.  Ако имаш помалку среќа, мораш да се натпреваруваш со милиони на приемните универзитетски испити. После факултет, ќе почнеш да мислиш на кариера и пријатели. За да почнеш воопшто да размислуваш за водење љубов и имање деца треба најпрвин да поседуваш куќа и автомобил. После водењето љубов, најверојатно ќе се чувствуваш изгубено или како притисокот на животот да е ослободен.

Но, не се вознемирувај, животот после тоа ќе биде уште поостар. Твоето дете наскоро ќе дојде и ќе започнеш со грижа за неговата интелигенција и здравје. За да му овозможиш на твоето дете некој понапреден почеток, не можеш да дочекаш и почнуваш да го образуваш додека уште е во стомакот на својата мајка.

Во овој дел ќе изоставам 800 збора, затоа што го имаш веќе доживеано истото претходно. Познатиот круг повторно започнува.

Сè уште мислиш дека ова не е доволно?

Без грижи, можеме да разговараме за уште една работа. На англиски таа е наречена „изненадување“, на кинески, несреќа.

Како филозофијата на марксизмот, понудата на оваа работа далеку ја надминува побарувачката.

Несреќи се случуваат, ти дозволуваат да леташ и да се судриш и лесно се забораваат.

Можеби голема сума на пари ќе се појават на твојата сметка во банка. Можеби ќе бидеш удрен и фрлен во воздух од некој тркачки автомобил. Можеби ќе бидеш прегазен од камион под дрво во некое село. Можеби ти, кој продаваш овошје на улица ќе бидеш истепан од страна на полицијата. Можеби си избран од твојот мистериозен директор да бидеш неговиот миленик и од тогаш па натаму во животот ќе можеш да уживаш во луксузни марки. Но, можеби, без таква авантура, имаш вообичаена фамилија. Понекогаш, можеби ќе можеш твојата жена и деца да ги однесеш на патување со воз. Ти звучи познато? Дали тоа исто се случува и во твојот живот? Но, почекај, претпоставуваш дека го погоди точниот одговор, но сè уште не е крајот.

Ти јадеш добра храна и пееш убави песни. Одеднаш, твојот воз е удрен одзади од друг воз.

Најинтересниот дел е дека си умрел, но на листата на загинати стои дека си сè уште жив.

Во овој момент, дали се чувствуваш емотивно? Моментално е 11:11 часот поручек во Пекинг. Сега морам да идам во кревет. Дозволи да ти објаснам што кажав во една реченица:

Добредојде во Кина.

Коментари на некои читатели:

这位青年罪孽太深重下辈子肯定得投胎到中国无玄念了。(2011-07-27 01:00:22)

Овој млад човек има направено премногу гревови. Со сигурност во неговиот следен живот ќе биде роден во Кина.

哎,所以各国人出生以后都到中国做个下放锻炼,就不会那么不知道珍惜了(2011-07-27 01:46:00)

Ах. Дозволете им на луѓето од другите земји да го доживеат грубиот живот во Кина. Тогаш ќе почнат да го ценат тоа што го имаат веќе.

挪威的监狱都比中国人住的房子强 (2011-07-27 13:43:02)

Норвешките затвори се подобри од домовите на голем број од Кинезите.

作者不过是在调侃中国人的生存环境,一下子就给某些很有信仰、很有精神、很有觉悟的人鄙视了。(2011-07-27 11:18:50)

Авторот ги исмејува условите за живот на Кинезите. Ова веднаш ќе биде протолкувано како навреда од страна на луѓето со верба, спиритуалност и разум.

这文章还是典型的中国人思维,吃好喝足生活稳定平安就是最大的追求。所以中国人总会对很多出身很好却投入革命运动的人很不解,因为我们没有信仰,或者说,世俗生活就是我们最大的信仰。这篇文章虽然是反讽,但是还是暴露了我们这个民族的想法。(2011-07-27 09:20:00)

Овој напис е типичен пример за кинеското размислување. Имањето на стабилен живот со доволно храна е највисоката цел во животот.  Затоа Кинезите не можат да разберат зашто луѓето со добра позадина би се фрлиле себеси во револуција. Тоа е затоа што ние немаме никаква религија или световниот живот е наша најголема религија. Иако овој напис е напишан во сатира, тој сепак го прикажува размислувањето на кинезите.

谁有本事把中国治理好的赶紧去参政…没这个本事那就平时多发扬光明正义,见到不义之事有勇气有智谋去改变,不要窝在豆瓣里瞎叨叨,抱怨实在是浪费了才情。(2011-07-27 13:21:26)

Оние кои имаат можност да ја подобрат Кина треба да се вклучат во политика. Ако не тоа, да го изучуваат правото и да ги исправуваат грешките кога ќе ги најдат. Не само се жали на овој форум. Тоа е губење на време. Губење на твојот талент.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.