Свет: Сподели го својот живот со светот на 11.11.11

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Глобалниот развој 2011.

Што ќе правите на 11 ноември 2011 година? Споделете го со остатокот од светот преку Проектот 11 единаесет и помогнете во остварувањето на милениумските развојни цели на Обединетите нации!

Кажете ни нешто за вас и за светот околу вас. Вашата приказна е важна за нас, така што придружете се на 11.11.2011 и притиснете „снимај“. По 11.11.2011, од вас ќе биде побарано да ја пратите онлајн вашата фотографија, видео или аудио, каде ние ќе ја ставиме во еден од трите специјални проекти, албум со фотографии, светска музичка колекција и документарен филм. Парите собрани од добивките од овие три проекти ќе одат во добротворни организации кои помагаат човештвото да ги оствари 8те милениусми развојни цели на Обединетите нации.

11-11-11 Creative Minds Unite - 3 months to go! Video by 11Eleven Project on Youtube

11-11-11 Креативните умови се здружуваат- остануваат 3 месеци! Видео од Проектот 11Единаесет на Јутјуб

Почнувајќи од 11 август, можете да креирате корисничка сметка и да се регистрирате за да се приклучите преку снимање на дел од вашиот живот на 11 ноември, било преку видео, фотографија или музика. Можете, исто така, да се пријавите како Амбасадор, пренесувајќи ја пораката во вашиот град и убедувајќи ја вашата заедница да додаде свој глас во проектот.

Следете го проектот 11Единаесет, ако сакате, на Фејсбук и Твитер за да бидете во тек со неговите активности. Потоа, на 11 ноември 2011 година, зграпчете го вашиот компјутер, мобилен, камера или аудио рекордер и документирајте некој значаен дел од денот на било кој јазик. По 11 ноември 2011 година, прикачете го вашето видео, фотографија или музика, а тимот на Проектот 11Единаесет ќе ја уреди содржината во филм: на 21 септември 2012 година, документарниот филм ќе биде прикажан на Светскиот ден на мирот.

Глобал Воисис склучи партнерство со Проектот 11Единаесет со цел да ја крене свеста за Милениумските развојни цели (МРЦ) на Обединетите нации. На 11 ноември 2011 година ги покануваме сите граѓани од светот да помогнат во креирањето на заеднички портрет на човештвото преку: фотографии, кратки филмови, аудио и блог написи за овој ден. Не мора да бидат поврзани со МРЦ, важно е да ве претставува ВАС. Можете да прочитате повеќе за 8те развојни предизвици и мерките за нивно остварување на нашата специјална страница која го покрива ова.

Исто тага ги охрабруваме сите да блогираат на темата „Каков посакувам да биде светот за 100 години“ со нагласување на МРЦ. Ставете врска до страницата на Милениумските развојни цели, а ние ќе го објавиме, исто така, вашиот напис таму. Така што, приклучете ни се во прославување на човечноста на 11/11/11.

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Глобалниот развој 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.