Јапонија: Како да го исклучите вашиот живот и да заштедите енергија

Оваа страница е дел од нашето специјално покривање на Земјотресот во Јапонија 2011 година.

Луѓето во Јапонија ги исклучуваат нивните животи со воведувањето на мерките за штедење на енергија со цел да се справат со недостигот на енергија.

Во моментот работат само 19 од 54 нуклеарни реактори во централите за електрична енергија и владата ги поттикнува граѓаните – особено оние кои живеат во Источна Јапонија – да ја намалат потрошувачката на енергија со цел да се избегне недостатокот на енергија кој е резултат на катастрофата во нуклеарната централа Фукушима.

Според анкета на истражувачката компанија Микромил, 70 проценти од интервјуираните јапонци го промениле нивниот начин на живот во последните неколку месеци. Испитаниците се млади луѓе во нивните 20ти, од осум различни префектури, и повеќето од нив рекле дека започнале да поминуваат повеќе време дома, гаснејќи ги светлата и исклучувајќи ги нивните елетрични уреди кога не ги користат.

Штеди енергија, исклучи се, од Bevelle. CC BY-NC-SA 2.0

Ефикасноста на мерките за штедење енергија се сѐуште предмет на жешка дебата во земјата, но многумина ја искористија оваа можност да ги променат нивните навики за употреба на енергијата.

Роко живее во Кобе, во Западна Јапонија, и вели дека нејзиното семејство ги променило нивните навики иако тој дел од Јапонија не е директно засегнат од нуклеарната несреќа во Фукушима:

我が家は、もう常識になってしまったエアコンの設定温度28℃に!
家族はできるだけ1部屋にかたまって動かすエアコンは1台に!
を心がける事と、就寝時間を1時間早めて朝の時間を有効利用しています。
電力消費需要のピーク時午後2時くらい〜はPCやTVなど
電気製品の使用を控えるのも有効な対策になるんですよね。

Во моето семејство сега е нормално да ја прилагодиме температурата на клима уредот на 28℃!
Исто така, се обидуваме да се собереме во една соба колку што можеме за да користиме само еден разладувач!
Овие се некои од работите на кои обрнувавме внимание, освен одењето во кревет еден час порано и користење на утрото поефективно.
Исто така е добро да се избегнува употреба на електрични уреди како што се компјутер и телевизор околу 2 часот попладне кога побарувачката на струја го достигнува врвот.

“Setsuden” (сетсуден – кратенка за штедење енергија) стана секојдневен збор и во некои случаи исто така тренд.
Рецепти за сетсуден, на пример, станаа популарни на интернет како што луѓето го шират зборот за тоа кој е најдобриот начин да се храните добро без да користите многу енергија.

Ширусаги објави некои сугестии на нејзиниот блог:

節電レシピとしては冷ややっこや納豆、佃煮、
梅干し、海苔、漬物、缶づめ、ハム、かまぼこなど
電気だけでなくガスも使わずささっと手早く
食べられるものを多く使うようにしています。

加熱するものがあるとどうしても室温が上がり
暑くなるので火を加えず美味しく頂けるものが
あると節電だけでなく涼しく過ごせ良いなと
思います。

お刺身などもそのままお料理せずに食べられて
節電メニューの代表的なものかもしれません。

За моите сетсуден рецепти, користам многу состојки како тофу, храна зовриена во соја, конзервирани сливи, морски алги, краставички, конзервирана храна, шунка, мелена риба итн., бидејќи нема потреба да се користи струја или плин и може да се изедат брзо.
Доколку користите храна која мора да се готви, собната температура неизбежно ќе се покачи и ќе ви биде жешко, па така јадењето свежа храна помага да се заштеди енергија и да остане ладно.
Еден совршен пример од сетсуден менито е сашими бидејќи може да ја јадете (сировата риба) таква каква што е без да ја готвите.

Трендовите на штедење енергија започнаа пред летото, кога продавниците за електрични апарати за домаќинство ставаат на распродажба мноштво добра со цел да се олесни животот на ниска потрошувачка на енергија.

Блогерот Бота започна да го менува неговиот животен стил во мај кога првпат ги набави неговите сетсуден апарати:

1)電気契約量を40A⇒30Aに変更して、電気使用量の上限を強制的に下げた。
2)電気消費量の多いダウンライトとクリプトン球を使用した照明器具の使用をやめて、使用頻度の高いリビングは蛍光灯に切り替えた。(LEDはまだ高いのであきらめた)

1) Го променив договорот со компанијата за електрична енергија на пониска тарифа од 30 ампери наместо 40, со цел да го намалам износот на струја кој можам да го користам.
2) Престанав да користам светилки со висока потрошувачка на електрична енергија како што се криптон светилките. (LED светилките се сѐуште премногу скапи, па се откажав од нив)

[…]

③東京電力「電気のシェイプアップカルテ」に申し込んで、月次で電気使用量を点検
④真夏に備えて緑のカーテンを準備
今年は節電対策としてゴーヤやアサガオを栽培する家庭が多いようで、どこのホームセンターでも売り切れだ。

3) Се пријавив за „табелата за оформување на енергијата“ на компанијата за електрична енергија во Токио за да можам да ја проверувам потрошувачката на енергија месец по месец.
4) Како што се подготвував за летните горештини, поставив завеса составена од зеленило.
Оваа година многу фамилии започнаа да раснат горчлива диња или цвеќе Утринска слава како мерка (за обезбедување сенка), па така нема веќе останати во трговските центри.

Завеса од Гоја (горчлива диња), од Hidetsugu Tonomura. CC BY-NC 2.0

①7月度の節電の取り組み LED化以外はほとんど節電の余地がなくなってきたが、7月9日の梅雨明け以来、急に日差しが強まってきたため、窓に断熱シートを貼って室温の上昇を抑えることにした。ただしこのシートによる断熱効果がいかほどのものかは分からない。

5) Во јули ги заменив светилките со LED но откако заврши сезоната на дождови и сонцето стана послино решив да го користам листот за изолација од топлина поради растечките температури. Како и да е, сеуште не сум сигурен за ефикасноста на листот.

Лист за изолација од топлина, од YTO. CC BY 2.0

Иако сомнежот останува за тоа дали овие мали промени во потрошувачката на енергија навистина може да направат разлика, луѓето како @coachsuki се горди бидејќи нивните напори се докажаа како успешни.

@coachsuki 電気使用量のお知らせがきた~!今月分は昨年と比べ31%減少してますって\(^o^)/ 家中の電球を変えたのと冷風機使用と冷蔵庫カーテンの結果だな♩ちゃんと節電出来てるわ(o^^o)

Го добив извештајот за мојата потрошувачка на електрична енергија! Овој месец имам искористено 31% помалку отколку во истиот овој период минатата година \(^o^)/ Најверојатно зависи од фактот дека ги променив светилките во домот, и исто така сега користам вентилатори и ‘завеса на ладилникот‘ ♩ па така навистина можам да заштедам електрична енергија! (o^^o)

Оваа страница е дел од нашето специјално покривање на Земјотресот во Јапонија 2011 година.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.