Египет: Реакциите за пожарот во Парламентот

Реакциите на луѓето овде се навистина збунувачки … хм … и занимливи исто така. Добро, верувале или не, но некои луѓе беа навистина среќни што пожарот ја уништи египетската исконска Парламентарна зграда.

Зеинобиа опишува како се чувствуваа некои луѓе овде:

Тие се среќни, сериозно среќни на начин кој не можеш да го замислиш, секако денеска пожарот на Парламентот се уште е тема во градот, повеќето P190808_19.46[01] од Еѓипјаните не го видоа големиот пожар во Каиро во 1952 година, па да го видиш ова на овој начин, во живо во утринските часови беше нешто ново. Луѓето се чувствуваа потиснати и не можеа да издржат повеќе. Тие се толку лути и изнервирани од оваа Влада и режим.

Луѓето кои беа собрани на улицата ја гледаа сцената со радост, почувствував, тие не ја земаа во предвид историската вредност на зградата, не знам дали ова е поради игноранцијата кон културата или омразата кон се што го претставува режимот, мислам дека во прашање е втората опција.

Дури и на Фејсбук, беше креирана нова група под името:

„Некој друг е среќен поради она што му се случи на Парламентот!“

Ел Мотамангех од друга страна овде пишува за Владиниот неуспех да го запрат пожарот:

سؤال يطرح نفسه : الدولة التي فشلت في تأمين برلمانها ضد الحرائق ثم فشلت في اخماد حريق بسيط في مبني من 3 أدوار، كيف ستنجح في تأمين حدودها الشرقية؟

Многу важно прашање: Владата која што не успеа да го заштити сопствениот Парламент и потоа не успеа да го запре пожарот во трикатната зграда – па како може да ги заштити своите источни граници?

Некои други блогери започнаа теории на заговор кој ја предизвика катастрофата.

Политикиа, на пример, овде пишува за гласините што излегоа на површина после пожарот:

Гласините велат дека пожарот може да бил намерен, за да изгорат документите поврзани со некои недамнешни важни инциденти (поврзани со корупција), како на пример случајот на Мамдоу Исмаил Салам 98.

Други блогери се навистина тажни бидејќи зградата на Парламентот беше од историска важност. Навара овде пишува за тоа колку е тажна за ова што се случи:

زعلانة قوي
ليه كده؟ للدرجة دي؟ عايز ياخد ورق ياخده باي طريقة، ده تاريخنا، دي بلدنا
مبنى الشورى بينهار، ده مش زي احتراق الاوبرا، ده مجلسي الشعب والشورى، دي فلوسنا

Навистина сум тажна.

Ако навистина сакаа да ги уништат тие документи, секако постојат и други начини. Тоа е нашата историја и наша земја. Зградата на Парламентот паѓа, не е ништо слично со она што се случи на Операта (пред повеќе од 50 години). Ова е нашиот Парламент и нашите пари.

И на крајот од краиштата, овој инцидент не ја запре египетската левица од покажување на смислата за хумор. Тој се подбива со популарен рекламен телекомуникациски гигант овде. Банерот вели: „Гледајќи Отпушок од Цигара“, бидејќи отпушоците од цигари се секогаш вообичаените осомничени кога станува збор за намерни пожари коишто треба да уништат важни документи.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.