Гана: Новите медиуми во рацете на младите

Имав можност да го интервјуирам г-дин Мајкл Боампонг, извршниот директор на Young people we care (Млади луѓе ние се грижиме), чие седиште е во Кумаси, Гана. Од секој поглед, YPWC не е обична невладина организација и Мајкл не е обичен млад човек. Управувана од млади, за млади, YPWC се пoврзува преку медиумите со истомисленици и организации ширум светот за да ги подобри можностите за младите луѓе во Гана.

Добредојде Мајкл. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе за себе?

Јас сум основачот и во моментов работам како извршен директор на Young people we care (YPWC). Имам завршено четиригодишни додипломски студии на Универзитетот на Кејп Коуст. Главни предмети ми беа економија и географија и имам диплома по општествени науки. Страсно верувам во еманципацијата и мислам дека младите луѓе треба сега да се еманципираат за да обезбедат посвелтла иднина за сите.

Јас сум исто така член на советодавниот одбор на Парламентот на млади во Бангладеш и претставник на земјата во Рурални гласови на младината на УНИЦЕФ. Во моментов работам и на Програмата на Обединетите Нации за развој во Гана.

Па, кажи ми нешто повеќе за YPWC?

YPWC е создадена во 2005 година и е организација предводена од млади, за млади. Седиштето се наоѓа во Гана, а има сателит канцеларии во Велика Британија и Канада. Организацијата е управувана од млади луѓе, од десет до триесет и пет годишна воздраст, како и од возрасни партнери ширум светот кои работат на проблеми поврзани со млади и со развој.

Кажи ми, те молам, кои се главните цели на YPWC?

Во основа, нашата цел е да образоваме, информираме и инспирираме млади учесници за глобални прашања, да изградиме одржливи партнерства насочени кон развој на младите и да им обезбедиме средства и извори на младите луѓе за да можат самите да преземат акции.

Веруваме дека преку информирање и вклучување на младите, тие ќе бидат испирирани да учествуваат и да дејствуваат за подобрување на нивните локални заедници. На пример, ние, со спонзорство од Дизни, отворивме работилници за подобрување на комуникациските способнисти и за пишување на извештаи за младите во зафрлените региони на Гана, што може да изгледа необично, но всушност е прекрасно да се видат младите од тие области како се организираат сами и како реагираат на овој поттик.

И веруваме дека на овој начин можеме да го промениме светот. Така, се обидуваме да создадеме платформа на која младите ќе можат да го преобразат наученото во акција и да ги вклучиме во донесувањето одлуки на клучни глобални прашања и прашања за развој.

Знам дека имате волонтерска онлајн програма која е во подем. Како функционира таа?

Онлајн волонтерската програма им дава можност на доброволците „виртуелно“ да дадат поддршка и помош, или, со други зборови, тие волонтираат преку интернет. Виртуелната интернет програма е иновативна и, се разбира, рентабилна за сите кои се вклучени. Волонтерите можат да работат од секаде и не мораат да патуваат дури до Гана за да помогнат; тие можат да волонтираат во пижами во својот дом или пак на кое било место од светот.

Кога почна програмата?

Нашата онлајн волонтерска програма започна преку UN Online Volunteering (Програма за онлајн волонтирње на ОН) во 2006. Можете на видите дека страницата е поделена на два дела: еден за доброволците и друг за организациите.

Што ве мотивираше да почнете со онлајн волонтерска програма?

Кога почнав со  YPWC, тешко им беше на патнерите да ни веруваат бидејќи немавме досиe на успешен проект менаџмент на кое можевме да се потпреме. Сфатив дека ќе биде тешко да се мобилизараат средства за организацијата да почне со работа и решив да побарам помош од онлајн екперти за работи како што се дизајн на веб страница и на брошурата. Ова нормално би чинело значителна сума на пари. Тогаш наидов на програмата UN Online Volunteering која ни беше од голема помош. Сега, месечните писма, како и ажурирањето на веб страницата на YPWC се вршат од онлајн доброволци на ОН. Во август 2008 година, како признание на помошта на UN Online Volunteering, билтенот на оваа програма посвети место и за YPWC. Искрено, помошта и знаењето кое ни го дадоа виртуалните доброволци го промени ликот на YPWC. Тоа ни обезбеди поголеми можности и беше корисно за нас и за оние со кои работиме, и покрај ограничената парична помош која ја добивме од оранизациите донатори и од поединци. Денес, ние сè уште работиме со онлајн доброволци.

На кој начин работи тоа?

Повремено објавуваме можности за волонтирање на официјалната страница на YPWC или на странцита на UN Online Volunteer. Стапуваме во контакт со заинтерсираните доброволци кои ги исполнуваат критериумите за одреден проект или задача и им давамe конечен распоред на работа како и секаков вид на поддршка што би им притребала. Одлично е што тие можат да бидат во секој мал или голем град низ светот и да помагаат. Можете да работите како виртуелен доброволец без да излезете од вашиот дом; сè што ви е потребно е интернет врска на вашиот компјутер. Имамe онлајн група на доброволците и таму дискутираме, повторно проверуваме работи и планираме.

Што работат тие?

Во изминативе месеци, нашите доброволци помогнаа во создавањето на двомесечни билтени, во одржување на онлајн дискусии на темата миграција, коригирање на документи, како и помош со создавањето на веб страницата и нејзино управување. Во моментов тие помагаат и во создавањето на водич на Младинска акција.

Ако некој сака да знае повеќе околу ова, може да стапат во контакт со Шимрит Џејнс, еден од главните доброволци на оваа адреса Janes@ypwc.org

Како комуницирате меѓусебно?

Комуницираме преку е-пошта, како и преку општествени мрежи. Кога има нешто итно, се јавуваме преку скајп или пак си праќаме инстант пораки.

Која е твојата улога во онлајн групата?

Работам со персоналот на YPWC за да отворам можности за онлајн доброволците. Им помагам на онлајн доборволците кога ќе имаат потреба од дополнителни детали за волонтерските можности. Обезбедувам инпут за да се осигураме дека алатките и материјалите  кои се изработуваат ќе бидат во согласност со целите на проектот за кој тие се создаваат.

Од кои земји доаѓаат доброволците?

Тие доаѓаат од сите страни на светот: Велика Британија, Канада, Камерун, Филипините, Бангладеш, Нигерија, Бугарија, Индија и од САД.

Спомена дека создаваш блог; можеш ли да ни кажеш нешто околу тоа?

Знаеме дека блогот е многу ефикасно средство за споделување и ширење на знаења и идеи, особено за оние кои по традиција немаат „глас“- а тоа обично е младината. Така, нашиот YPWC блог е создаден за да исполнува една од нашите главни цели: да им обезбеди на идните водачи „млад глас“.

Го охрабруваме персоналот на YPWC, доброволците и пријателите да пишуваат и да учествуваат во дискусиите кои се однесуваат на тематски области од работата на YPWC како што се на пример младата генерација и миграцијата. Се надеваме дека тоа ќе создаде постојана платформа преку која ќе ја изложуваме работата на YPWC, како и оние што се поврзани со неа.

Во моментов покануваме писатели да нè посетат и да напишат нешто. Ако сте заинтересирани, ве молам посетете ја нашата инфо страница за повеќе детали.

На кој начин ќе фунционира? Што се надевате да добиете од ова?

Бараме оригинални содржини. Имаме водич за тоа како треба да се оставаат коментари кој се доделува штом прифатите да оставите коментар, заедно со дозвола од сопствениците на авторски права пред поставување на материјали заштитени со авторски права, како и проверување на факти пред нивно поставување на страницата- сите вообичаени предуслови. Дозволуваме поставување на коментарите  од нашиот блог на друго место, доколку за тоа YPWC ги добие заслугите и се постви линкот на нашиот блог.

Блогот е управуван од онлајн менаџерот на заедницата на YPWC кој можете да го добиете на адресата Oluwakorede.Asuni@ypwc.org

Дали се поврзувате мрежно со други блогери од Гана ?

Засега не сме поврзани со ниеден гански блогер, што се надеваме дека ќе го промениме. Примивме барање за поврзување од нигериски блогери, што е одлично.

Дали користите алатки на општествените медиуми како што е Твитер или некој друг? Доколку тоа е случајот, кои се тие?

Во моментов, нашата најактивна општествена мрежа е Фејсбук. Можете да ја погледнете нашата страница овде.

Што е со твојата иднина Мајкл?

Се надевам дека ќе се специјализирам за миграциски прашања во иднина и дека ќе продолжам да се поврзувам со младите луѓе насекаде низ светот за да преземаме акции за промена.

Ти благодарам за времето што го помина со нас, за фантастичните искуства што ги сподели со нас за работата со младите луѓе во Гана и што ни кажа како ги користиш новите медиуми.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.