Русија, Грузија: Еднострано признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија

Денес Русија формално ја призна независноста на Абхазија и Јужна Осетија. Подолу ќе најдете некои од првичните реакции од кириличниот сектор на ЛајвЏурнал (ЛЏ).

Рускиот корисник на ЛЏ шоладеми (Самсон Шоладеми) пишува (руски):

[…] Сега почнува најинтересниот дел… Линијата е помината, да речеме. Иако, во последните две недели откако започна војната во Грузија, за првпат во многу години не се чувствувам револтирано и критички настроен кон сè што ќе направи Русија (и покрај мојата „љубов“ кон Путин и компанија). Напротив, сè беше коректно изведено. Да живее изолацијата! Хм… А што мислите за признавањето на независноста на Абхазија и Јужна Осетија?

Неколку коментари:

Ликс:
Изолација – тоа е добра поента. Наскоро ќе патуваме во рамките на строго дефинирани граници, така? Збогум Индија, догледање Америка […]?

***

сцхтв_грл:
Мислам дека барем можеме да се гордееме со својата земја! Без разлика колку е контроверзна целата работа, без разлика колку нè обвинуваат за двојни стандарди, станавме силни! Русија се враќа! Придружете и се на акцијата! […]

***

жења_жења:
…………..Не ми е гајле……….Ни најмалку……..

***

Кирил_праха:
Мислам дека оние кои живеат во Русија и сакаат да патуваат низ светот треба да почнат да размислуваат за преселба. Или да добијат двојно државјанство, што е тешко.

***

Сетнаг:
Супер. Сега огромната река пари на руските даночни обврзници ќе почне да се слева кон овие нови „братски републики,“ по ѓаволите, кон смрдливите [жители на Кавказот].

Грузиско-украинскиот корисник на ЛЏ ваксо (Вахтанг Кипиани) напиша (украински):

[…] Ти си будала, Медведев. Ниту една нормална држава нема да ја поддржи Русија. Сега ќе видиме како изгледа директна конфронтација со светот.

Неколку коментари:

јангел:
Вакво сценарио беше очекувано (

***

вибел:
Имам впечаток дека последниве неколку недели [на нив не им беше гајле и правеа што сакаа]. А за [Медведев], мислам дека тој не ја имаше водечката улога во ова.

ваксо:
Точно, но тој ја потпиша одлуката. И законски, тој е одговорен за тоа.

[…]

јангел:
[…] Во еден момент, Турција еднострано ја призна независноста на Северен Кипар – дали мислите дека Турција ги помина сиве овие години во меѓународна изолација?

***

денико76:
Со толку многу нафта, Русија може да си дозволи само-изолација. Но не ми е јасно зошто би претпочитале изолација и да бидат опколени со „круг на омраза“ наместо нормални пријателски односи со соседите.

***

стил_арчер:
Олигарсите ги чуваат своите пари во швајцарски банки, а нивните вили се во Лондон. Ќе видиме каква изолација ќе биде ова )))

***

а_кулик:
Нема да има конфронтација со светот. Да немаше Косово, ќе имаше конфронтација. Но по Косово, сè ќе биде во ред за Русија. Америка ја размени Јужна Осетија за Косово.

***

ледилид:
И овие луѓе не им дозволуваат на другите да го признаат Косово… […]

***

агрп_хтб:
Директна конфронтација со кого? Со малата, но горда Естонија? Дали сеуште верувате дека има „конфронтација“ помеѓу САД и Руската Федерација? […]

Корисникот на ЛЏ од Грузија дџдрајв (Миша Тавкелиѕе) пишува (руски):

Изгледа дека Путинодведев скроз полудел. Во што ја вовлекуваат својата  земја?

1. Војна
2. Економска пропаст
3. Дисинтеграција

Руси, сите кои можете, напуштете ја земјата додека завесата е сеуште крената! Подоцна ќе биде невозможно да се добие виза.

Еден од коментарите:

Динанклг:
Ама ајде ти се молам. Ние сме навикнати на тоа.

Грузиско-руски корисник на ЛЏ сом пишува (руски):

“Русија, ти полуде” (c)

Се сеќавам на нашиот одговор на прашањето на професорот по цивилна одбрана: Што треба да направите ако видите нуклеарна печурка на хоризонтот?   – Ставете си бел чаршав врз главата и лазете до гробиштата.

Изгледа идиотите веруваат дека можат да победат во третата светска војна.

За време на Карипската Криза, Кенеди и Хрушчев имаа доволно здрав разум да запрат 20 минути пред катастрофата. Дали и овие ќе имаат? Навистина не сакам да проверам.

Некои од коментарите:

Пса_98:
Твојата прекрасна земја (а посебно два од нејзините региони,  [Абхазија и Јужна Осетија], чијашто популација е помала од Бутово [една од областите во Москва]) навистина не вредат доволно за нуклеарна печурка. Мислам дека Руската Федерација не е во право за овој конфликт, но Саакашивли (и неговите надзорници од Стејт Департмент) еднакво не се во право – и тие го изгубија натпреварот.

***
пилгрим:
[…] Дали мислиш дека Грузија е доволна причина за САД и НАТО да започнат трета светска војна?

луарвик:
Па и принцот Фердинанд и Србија не беа баш некоја причина…

а_гру:
Дали си сигурен дека само американците и НАТО можат да започнат војна? Зарем навистина нема никој друг?

***

пиндл:
[…] Мислам дека Европа ќе ни се заблагодари – тивко, се разбира. Ја затворивме ситуацијата, создадовме нов, долготраен и стабилен status quo, што е многу поповолен за Европа од претходниот […]

Корисникот на ЛЏ физик_алфа пишува (руски) во делот на ЛЏ ру_политикс:

Лично, ја жалам Абхазија. Ги изедначија со крадците од Јужна Осетија. Можеше добро да им оди со туризмот… Споро, можеби, но сами и без крв. А сега насилниците од Кремлин ќе земат сè за себе од таму.

Неколку коментари:

вјача:
Абхазијците не се толку наивни кога се работи за странски инвестиции. Според нивните закони, странска компанија (дури и руска) не може независно да се вклучи во, да речеме, градежниот бизнис таму, не можат дури ни да отворат претставништво таму. Она што е можно се инвестиции 50/50 со абхазијско [физичко или правно лице] […]. Мислам дека сега нема многу да се смени. Тие знаат како да ги бројат своите пари.

***
афх237_в7:
Јас бев [во Абхазија] пред неколку години и научив многу интересни работи. Се чини дека многу туристички објекти […] веќе се купени (изнајмени на 50 години, зошто уставот на Абхазија не дозволува да се продава земја на странци) од страна на момците од Москва.

Корисникот на ЛЏ димитриврубел објави графикон којшто илустрира што се случи руските берзански акции откако Димитри Медведев ја објави веста за Абхазија и Јужна Осетија денеска во 15 часот по московско време:

Корисникот на ЛЏ онкел_ханс коментираше (руски):

Во земјите каде економијата владее, вакви работи водат до пад на владата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.