Саудиска Арабија: Нема бесплатна нафта за Шон Комбс

Американскиот рапер Шон Паф Диди Комбс се обрати до неговите „браќа и сестри од Саудиска Арабија“ и од други земји, кои се производители на нафта, да донираат нафта за да може да лета со својот приватен авион.

Мултимилионерот, добитник на Греми, вели дека екстремно високите цени на нафтата му оневозможуваат да го користи својот приватен авион и сега мора да користи комерцијални летови. Тој се обрати во следниов влог:

Саудиските блогери реагираат. Сауди Џинс дава духовит одговор:

Американскиот рапер Шон Пафи Комбс се жали за високата цена на нафтата и вели дека повеќе не може да си дозволи да лета со својот приватен авион од Њујорк до Лос Анџелес двапати месечно. Тој ги моли Саудијците да му пратат бесплатна нафта за тој да може повторно да лета со својот приватен авион. Брат извини, ти нема да добиеш ништо од овој крај, бидејќи, само во случај да не знаеше, ние немаме нафтени извори во нашиот двор за да ја даваме бесплатно.

Рашид Абоу-Алсам додава:

Пафи вели дека едно патување го кошта 200 000 долари и дека тој наводно не може да си го дозволи тоа. Во видеото тој се обраќа до неговите „саудиски браќа и сестри“ за да му пратат бесплатна нафта за тој да може повторно да лета со својот приватен авион.

Не верувам дека ќе добие пратка со нафта во брзо време, бидејќи Саудијците уште еднаш покажаа колку се тврдоглави кога станува збор за цените на нафтата. Супер богат забавувач, како Пафи, можеби ќе биде поканет да настапува на приватна забава на саудиското кралско семејство, но тој сигурно нема да добие бесплатна нафта, може да се обложиме на тоа!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.