Египет: Користење на Твитер со цел да се помогне на заедница во Каиро

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Револуцијата во Египет 2011.

Откако го согледа силното влијание на социјалните медиуми врз египетската револуција, египетскиот блогер и корисник на Твитер, Махмуд Салем (@SandMonkey) одлучи да соработува со локална невладина организација со цел да ѝ помогне да најде финансиски средства, користејќи ја моќта на Твитер, за да обезбеди основни услуги во една сиромашна населба во Каиро.

Езбет Каирала е една од од најголемите неурбанизирани населби во Египет со околу 650 000 жители. Тоа е еден расфрлан дел од околу 12 квадратни километри кој се наоѓа на карпесто плато во јужниот дел на Каиро. Иако Езбет Каирала се наоѓа во границите на Каиро, најголем дел од основните услуги недостасуваат; не само канализација и собирање на отпад, туку и несоодветно образование и лоши здравствени и социјални услуги. Поради густата населеност, оваа област е плодно место за криминал и социјални немири.

Tweeps visited a kindergarten in Ezbet Khairallah, Cairo. Photo by @pakinamamer (July 30, 2011)

Твитерџии посетија градинка во Езбет Каирала, Каиро. Фотографија од @pakinamamer (30 јули 2011)

Ezbet Khairallah street

Слика од улица во Езбет Каиралах од @pakinamamer на Yfrog

Со цел да помогне во подобрување на квалитетот на животот во Езбет Каирала, Кхаир Ва Барака (Мир и изобилие), организација основана во 2004 година, започна да работи на образовни, здравствени и програми поврзани со животната средина, особено откако нивното истражување покажа дека едно од најважните прашања со кои се соочува заедницата е справувањето со течниот и цврст отпад (канализација). Тие исто така обезбедуваат медицински каравани и образовни центри.

Со поддршка на луѓето од Твитер, Мир и изобилие собра 2 милиони египетски фунти (преку 330 000 американски долари), а и ја подигна свеста на заедницата. Салем ја нарече неговата иницијатива „Одговори на твитот“ (@tweetbackevent) и се потпре на социјалните врски на 20 силни Твитер корисници кои заедно имаат околу четвртина милион следбеници. Секој од нив собираше пари од компании во замена за услуги од областа на односи со јавноста помеѓу своите следбеници. Тие исто така силно ја промовираа иницијативата и им објаснија на луѓето како тие можат да помогнат.

Твитање од настанот „Одговори на твитот“. Фотографија од Раниа Хелми, коорганизатор.

Мир и изобилие одржаа настан за собирање на средства на 26 јули 2011 година во хотелот Мериот во Каиро, каде објавија дека веќе имаат собрано 1 349 000 египетски фунти (226 600 американски долари).

Корисниците на Твитер кои присуствуваа на настанот, исто така твитаа за секој од донаторите и колку тие донираа, било тоа да беше компанија за пијалаци, мобилен оператор, па дури и донатори кои одбија да го откријат својот идентитет. Тие исто така создадоа и телефонски број на кој луѓето можат да свртат и да донираат 3 египетски фунти (0,50 американски долари) и повторно го искористија Твитер за да ја пренесат информацијата.

Организаторите на „Одговори на твитот“ се уверени дека ова е само почеток и како што Салем напиша на неговиот блог, „Повеќе вакви иницијативи ќе се случат само ако покажете поддршка за првата, која поради времето на одржување и новоста е во очајничка потреба за спонзорство“. Мир и изобилие ја нарекоа Езбет Каирала прототип на „неурбанизирана заедница“ која има потреба за развој. Можеби наскоро ќе видиме повеќе иницијативи кои ќе помогнат за развојот и на други неурбанизирани населби.

Овој напис е дел од нашето специјално покривање на Револуцијата во Египет 2011.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.