Еквадор: Споделување на знаење на денот на блогот

Во последните 4 години, Денот на блогот (Blog Day) се прославува на 31 август. Откако израелскиот блогер Нир Офир ги собра блогерите во 2005 и сфати дека датата 3108 наликува на зборот блог (Blog), блогосферите од целиот свет го одбележуваат денот со собирање на 5 блог препораки, како начин за поттикнување на единство и промовирање на блоговите.

Poster for BlogDay in Ecuador 2009

Постер за денот на блогот во Еквадор 2009

Оваа година во Еквадор, група од блогери, предводени од Марија Кристина Мартинез од блогот Ciudad @ City [шпански], ја започнаа „Виртуелната средба на блогери“. Бесплатниот настан беше одржан во Санто Доминго де лос Колорадос, од каде презентациите на говорниците на конференцијата беа емитувани во форма на виртуелен БарКамп (BarCamp) и секој можеше да учествува виртуелно од било кое место во земјата со следење на преносот во живо, истакнат на сајтовите на различни социјални мрежи. Презентациите вклучуваа поткасти, микроблогирање и социјални мрежи.

Мартинез објаснува дека настанот се обидува да ги обедини блогерите со цел да создаде голема заедница за дружење [шпански]:

Este proyecto (sin fines de lucro) tiene como objetivo generar un espacio de encuentro virtual para bloggers en ocasión del día Internacional del blog; donde se discutan, expongan, compartan – interactivamente – temas en torno a la blogósfera y la Web Social, y aportar de esta manera en algo a su desarrollo integral y evolución; así como a la alfabetización digital de los internautas hispanohablantes.

Овој (непрофитен) проект има за цел да создаде виртуелно место за средба на блогерите по повод Интернационалниот ден на блогот; каде тие може да дискутираат, презентираат и споделуваат – интерактивно – теми поврзани со блогосферата и социјалниот веб и на овој начин да придонесуваат кон неговиот развој и еволуција; како и дигиталната писменост на интернет корисниците кои говорат шпански

Настанот се одржуваше два дена од 30 до 31 август и вклучуваше учество од специјално поканети гости и говорници од Мексико, Шпанија и Аргентина. Со цел да се промовира настанот беше креиран веб-сајтот Día del Blog [шпански], кој вклучува форум, бесплатни електронски книги и техничка помош за искусни блогери, но исто така за оние кои сакаат да отворат свој блог. Twitter профилот @diadelblog [шпански] исто така беше користен за да овозможи новости за настанот.

Групата од блогери, кои помогнаа во координација на настанот, знаат дека да се има свој блог значи дека си способен да ги подучуваш другите и споделуваш своето знаење, и е нешто што учесникот Нати Волф од блогот La Chica de la Luna [es] го изјавува:

Quienes tenemos un blog sabrán lo grato que es tener uno, pero también sabrán que se debe tener mucha perseverancia y ganas de compartir para poder mantener un blog.

Оние од нас кои имаат блог знаат колку е задоволувачки да имаш блог, но исто така знаеме колку упорност и желба за споделување треба да се има за да се одржува блог.

Ваквите типови на иницијативи помагаат да се покаже дека интернетот и светот на веб 2.0 повеќе не се само за привилегираните и токму тоа беше една од целите на организаторите на настанот.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.