‘Среќа’ во Тајланд? Како режимот на државниот удар се уште ја поттиснува демократијата

NCPO-sponsored performance and party in Thailand. Photo by Prachatai via Flickr (CC BY-NC-ND 2.0)

НСРМ спонзорирано шоу и забава во Тајланд. Фотографија на Прачатаи via Фликер (CC BY-NC-ND 2.0)

Идентитетот на авторот се чува во тајност од безбедносни причини. 

Три недели откако се здоби со власт, Кралската тајландска армија водена од генерал Прајут Чан-Оча ги убедува луѓето во Тајланд, како и меѓународната заедница, дека работите се враќаат во нормала. Полицискиот час е скратен, дури и тргнат во многу туристички зони и региони. Центри за помирување воспоставени од армијата нудат разновидни бесплатни услуги на заедницата.

Но, и покрај овие последни случувања, сузбивањето на продемократски движења продолжува. Од масовните медиуми до академијата, остануваат многу вознемирувачки знаци на континуирана репресија во државата.

Широко распространета репресија на новирани, критичари

Режимот на државниот удар собра и стави во притвор стотици новинари-критичари, академици и поранешни политичари во изминативе три недели. Полицискиот час им дозволува на полициските сили да приведуваат луѓе и да ги држат во притвор до 7 дена — најголемиот број на приведени на крајот се пуштаат на слобода но само откако ќе потпишат договор во кој ветуваат дека нема да учестуваат во било какво политичко движење или демонстрација.

Доколку го прекршат договорот, ќе добијат тужба од властите и нивната сметка во банка ќе биде замрзната. Оние кои одбиваат или не се пријавуваат на Националниот совет за ред и мир (официјалното име на режимот од државниот удар, накратко НСРМ) понатаму се гонети како криминалци. 

Поздравот од филмот „Hunger Games“ (Игри на гладот) забранет

Повеќе луѓе беа уапсени откако ги изразија нивните гледања на настаните кои беа сметани како неодобрувачки кон државниот удар со носење на празна хартија. Поздравот со кревање на три прсти кој го имитира оној од ‘Областа 12’ од филмот Hunger Games е забранет со закон. 

Иако графичкиот амблем на државниот удар беше отстранет од ТВ екраните, цензурата се уште се спроведува директно и индиректно. Но, амблемот е само симбол — себе-цензурата останува. Вестите се како драма со среќен крај каде сите се среќни под закрила на хунтата: стандардните објасувања, на прв поглед, како да му даваат легитимитет на државниот удар и оние кои не се согласуваат со властите набрзина добиваат етикети на државни непријатели. 

Фејсбук под оган

Кога Фејсбук беше недостапен на еден час на 28 мај, 2014, многумина се посомневаа дека истиот е блокиран од Министерството за информации и комуникациски услуги (МИКУ). МИКУ и НСРМ негираа дека го ограничиле пристапот на Фејсбук и вината за прекинот ја префрлија на техничка грешка.

Но неодамна, норвешкиот весник Aftenposten објави дека Теленор, кој раководи со една од мобилните мрежи во Тајланд преку подружницата DTAC, признава дека имало наредба од Националната комисија за пренос и телекомуникации за блокирање на сајтот на оваа социјална мрежа.

Мајорот на полицијата, ген. Амнуај Нимано of полициското биро Метрополитен ги предупреди нетизените дека ‘лајкување’ на Фејсбук страници кои се против државниот удар веќе е кривично дело и убедуваше дека ‘лајкување’ субверзивни веб страници е еднакво на ширење на илегални податоци низ компјутерски систем.   

Сето ова сугерира дека властите се обидуваа да ги блокираат социјалните медиуми. Но, никој не знае зошто оваа забрана траеше само еден час. Дали беше едноставно техничка грешка? Дали беше проба пред главниот настан? Или властите не можеа да се справат со гневот на нетизените низ тој час?

Загушена академската слобода

Министерството за образование им забрани на професорите да го критикуваат НСРМ. Министерството исто така подготвува нов курикулум кој ќе промовира национализам, дисциплина и граѓански должности. Многу луѓе го опишаа овој проект за контрола на мислењето како начин на обесхрабрување на тајландските деца од „тестирање“ на државните власти. 

Забава за мир?

НСРМ организира разни спектакли низ државата со цел промоција на нивната тема, „Враќање на среќата на Тајланѓаните.” Овие настани вклучуваат понуда од бесплатна храна и пијалоци, музички изведби од војници во униформи и сликање на „селфи“ фотографии со војници кои држат огромен банер ‘среќа’. 

Ова е реалноста во Тајланд денес: под режимот од државниот удар, Тајланѓаните се обврзани да бидат ‘среќни’.

Заедницата Глобај Војсис многу сериозно ја сфаќа безбедноста на нашите членови. Го изоставивме името на авторот на овој пост во напор за заштита на сигурноста и безбедноста на оваа личност. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.