Кина: Дали тибетските блогери се замолчени?

Навистина е алармантно да се извести дека скоро сите популарни сајтови за хостирање на блогови на тибетски јазик (освен еден) се напристапни веќе три недели.

Иако е честа пракса за сајтовите што хостираат блогови на тибетски јазик да бидат симнати (најчесто заради “одржување”), повремено и заради владата (погледни “На тибетскиот блогерски фронт сите молчат“), овој месец не постои некоја значајна политичка причина која што можам јас да ја видам.

Порака за грешка при обид да се пристапи до TibetABC

Порака за грешка при обид да се пристапи до TibetABC

Сајтовите кои денес се уште не се достапни ги вклучуваат и најпопуларните како што се, www.tibettl.com и www.tibetabc.cn кој го хостира и блогот на најпопулраниот писател и блогер на тибетски јазик Jamyang Kyi. Последниот сајт кој хостира блогови на тибетски јазик кој се уште необјасниво стои е ChodMe http://www.cmbod.cn/index.html.

Се уште цврсто стои: Chodme

Се уште цврсто стои: Chodme

Се шпекулира дека затварањето на тибетските блогови е поврзано со апсењето на тибетскиот писател Таши (псевдоним Therang). За повеќе информации за Таши, погледнете го мојот претходен пост овде на Глобал Војсис.

Интригантно е што истиот месец кога започна затварањето на тибетските сајтови за блогови, People's daily покрена тибетско издание со веб сајт овде: http://tibet.people.com.cn/

Тибетското издание на  People's Daily

Тибетското издание на People's Daily

Во нешто што веќе беше рестриктивна околина, ситуацијата независните блогерски простори да се ограничувани и растењето на бројот на официјално контролирани сајтови на тибетски јазик е загрижувачка.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.