Западна Сахара: Заврши летото за Сахрави децата

Летото е време кога многу луѓе ја користат можноста да истражуваат нови, различни места. Тие заминуваат надвор од границите на нивните земји и истражуваат различни архитектури, предели и јазици. Животот може драматично да се смени за време на летните одмори бидејќи земјата дефинитивно не е рамна и постојат многу предизвици надвор од домот и рутинските активности. Понекогаш познатите личности ја посетуваат „другата страна“ – места кои што се соочуваат со екстремни услови и влијанието врз нив е толку големо што се посветуваат на каузи, како Хавиер Бардем откако ги посети бегалските кампови во Западна Сахара. Актерот што доби Оскар сега ја поддржува каузата Тодос кон ел Сахара (Сите за Сахара).

Блогерот Виенто дел Сур пишува за солидарноста на актерот со народот Сахрави. Тој вели дека Бардем ова изјавил кога ги посетил бегалските кампови:

Ситуацијата се влошува секоја година. Миротворниот процес е блокиран и од тоа најмногу страдаат најранливите луѓе – жените, децата и старците, вели Бардем и нè потсетува дека постојат 200.000 луѓе кои некогаш биле од Шпанија, а сега се напуштени во пустината веќе 33 години.

Навистина, познатите имиња привлекуваат внимание кон каузите. Уметниците како Ману Чао, писателот Едуардо Галеано и други познати личности ги посетиле бегалските кампови во минатото и се посветиле на каузата, како што вели Каминандо ен ел Десиерто:

Ако ваквите јавни изјави помагаат да се промовира каузата – а навистина помагаат – ваквите коментари се добредојдени. И дури кога и би посакувал вистински прогрес како резултат на збирот на индивидуалните напори на просечните граѓани, мораме да ги препознаеме вредностите на оваа поддршка.

Во Шпанија многу семејства примаат Сахрави деца да го поминат летото во нивните домови и да споделат различна култура во побезбедна средина (можете да видите, на пример, Сахрави деца во Кордоба), но во септември летото завршува и доаѓа времето да се поздрават со своите домаќини, како што вели Амигос дел Сахара:

Сахрави децата го завршија одморот во Екстремадура и се вратија во Тиндуф.

Две прекрасни иницијативи го привлекоа вниманието на многу луѓе на Интернет. Моливи за мир (Lápices para la Paz) нуди поддршка на децата кои се наоѓаат во вооружени конфликти со тоа што им дава моливи и материјали за образование и откриваат убава приказна во рециклирана конзерва.

И тука, и покрај трајниот егзил, тие се гладни за учење, додека се смеат и се среќни наспроти сè – наспроти фактот дека подот на училницата не е рамен и некои клупи не се балансирани…бојата на ѕидовите избледува поради големата ерозија…тие сè уште го пишуваат зборот слобода со нивните прекрасни боички.
Во аголот на училницата гледам конзерва.
Конзервата е од млеко во прав. Од неа растат прекрасни зелени стебленца со листови. Прашав што е тоа и децата возбудено ми одговорија: тоа е леќа, леќа!!!
Професорот се насмевнува: – „На овој начин ги учиме дека светот не е само пустина и место во кое едвај има растенија. Секој ден децата се грижат за растенијата за да не им недостасува вода. Човек мора секогаш да има надеж…“

Другата иницијатива е Изложба за бегалците, чиј домаќин беше волонтерот Барс во Шпанија за време на летото за да се соберат средства за помош на народот Сахрави.

За време на летото некои деца ја открија Шпанија и го споделија животот со нивните домаќини, додека другите останаа во бегалските кампови и беа среќни да го видат Хавиер Бардем надвор од големиот екран. Ова се мали чекори за да им се помогне да имаат нормално детство насред вооружен конфликт. Сега се пак во училиште во бегалските кампови, ги користат своите нови моливи и учат цел свет зборови.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.