Речиси 70% од младите во Иран користат нелегални алатки за заобиколување на Интернет цензурата

"God is with us. Are you filtering him too?" Photo by Cyrus Farivar via Flickr (CC BY-ND-SA 2.0)

„Бог е со нас. Ќе ставите филтер и на него?“ Фотографија на Cyrus Farivar виа Фликер(CC BY-ND-SA 2.0)

Во извештај направен од Министерството за млади и спорт на Иран, иранската влада објави дека од 23.5 милиони млади кои користат интернет, 69.3 проценти од нив користат технологии за заобиколување како што се прокси и VPN –  виртуелни приватни мрежи кои овозможуваат пристап до „глобалниот интернет“.

Во моментов, Иранците често се судираат со блокади кога се обидуваат да се пристапат на веб локации кои се чинат антагонистички кон владата или националните исламски идеали. Во извештајот не се споменува прашањето за легалноста на овие алатки за заобиколување. Но, според иранската листа на компјутерски криминал, дистрибуцијата на технологии за заобиколување, но и инструкции како истите да се користат, се нелегални. Прекршувањето на овие закони може да резултира со тешки казни. 

Иранската интернет политика останува често не-кохерентна и расцепкана проблематика. Минатата недела претседателот Hassan Rouhani изјави дека филтрите не би можеле да бидат ефективни во земја како Иран; сепак неколку денови подоцна, Министерството за култура и исламско водење започна да блокира новински веб сајтови без соодветни лиценци за новинарство. Слично на тоа, додека Rouhani и клучни членови на неговиот кабинет се едни од најпрепознатливите корисници на Фејсбук и Твитер во државата, двете социјални мрежи остануваат блокирани за обичните интернет корисници од Иран.

Додека некои расправаат дека интернет политиката на Rouhani е една од ретките области каде реториката и акцијата се совпаѓаат, потенцирајќи ги скорешните подобрувања во инфраструктурата на интернетот вклучувајќи го и мобилниот интернет, извештаи како овој го продолжуваат чувството на генералната несигурност меѓу многу интернет корисници и оние кои се заложуваат за отворен интернет во државата.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.