Пакистан: Уште еден 9/11, ние гориме

Вчера вечер, околу 20 часот по локално време, Исламабад беше погоден од најлошиот самоубиствен напад досега во историјата на Пакистан. Овој напад беше надвор од хотелот Мариот во Исламабад. Беше кажано дека 1000 КГ експлозивен материјал бил употребен во нападот што резултираше со последици од најмалку 67 жртви и најмалку 203 повредени. Овој напад од властите беше наречен „Пакистанов 9/11“. Пакистанците на сите полиња ја изразија својата лутина и го проколнаа овој кукавички и смртоносен обид.

Пакистанските блогери исто така искажаа различни мислења, некои ги поврзаа нападите со Талибанците, милитантските групи, индиската вмешаност, додека пак други ова го нарекоа резултат на американската политика.

Др.Хасан Асфахани во Пакистански очевидец ги обвини властите. Тој тврди:

Ако нападот бил од страна на Талибанците, тогаш како е возможно тие да ја пренесат колата без никакво скенирање цел пат низ ФАТА до Исланабад? Тоа е невозможно.

Тоа значи дека терористите имаат помош одвнатре и целосно активна мрежа во Исламабад и нејзините приклучни зони. Само минатиот месец крвав напад се случи во Вах Кант, предградие на Исламабад, каде загинаа повеќе од 200 луѓе. Минатата година, напад се случи во авион на Первез Мусхараф во Равалпинди и сите тие луѓе имаа помош одвнатре.

Луѓето исто така го поврзуваат овој напад со Делхи Бласт, заклучувајќи дека РАВ може да биде вклучен во тоа.

Др. Аваб Алви во Тит Маестро анализира:

Мои анализи се дека индиската шпионска агенција РАВ најверојатно има замешано прсти во оваа експлозија како одмазда за недамнешните експлозии во Индија.

За да извршиш убиствен замав вечерта кога се одржува говорот на претседателот Зардари на обединувачката сесија е брилијантен трик да фрлат сенка на Зардариевите нови коментари.

Што можеме да сториме!!! Едноставно седејќи дома, пишувајќи имејл и пракајќи СМС пораки нема да постигнеме ништо и терористите ќе ја срамнат нашата земја со тлото. Ако верувате во Пакистан мора да се соединиме и да му кажеме СТОП НА ТЕРОРИЗМОТ, СТОП значи целосно право за осуда за Талибанците, против американските напади на Пакистан и пораст на нашето локално вооружено востание.

Еве што Аднан Сидики има да каже:

Прашањето е што правевме ние? Како што гледам ние секогаш стануваме жртва на пропаганда што со време постанува вистина, но обично одлучуваме да игнорираме дали всушност работите кои ни ги кажале се вистинити или не.

Во последните две децении кога ќе се случи некој лош инцидент, на нас ни кажуваат дека Гаир Мулки Хат е вмешан. Обично гаир мулки хат (надворешна рака) беше Индија. Јас велам ако Индија е навистина вмешана, тогаш зошто немаме храброст да го кажеме тоа јавно кога нашата влада тврди дека имаат и докази? Кога луѓето ќе прашаат добиваат одговор дека тоа е прашање од национален интерес.

Ве Ците го декларира тоа како симптом на држава во војна:

“Војната пристигна до пакистанската врата одамна. Несреќен факт е што дури и до вчера, многу од нас го негираа овој факт. Но не повеќе. Од моментот кога војната влезе во нашите домови, во дневните соби, во дворовите, насекаде околу нас.

„Пакистан е нападнат!“

Скоро секој пакистански блог има напишано многу за овој терористички обид, посакувам да можев да ги цитирам сите. Со години луѓето го обвинуваа Пакистан како одговорен за тероризмот. Всушност ние сме тие кои што страдавме од тероризмот, ние бевме целта , ова се невини Пакистанци кои загинаа од неприродна и ужасна смрт.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.