Австралија: Кениски жени одбиени за бегалски статус

Две жени од Кенија се соочуваат со депортација од Австралија, откако нивните барања за азил беа отфрлени, и покрај ризикот од соочување со обрежување доколку се вратат дома.

Според написот во австралискиот весник The Age (Век), Грејс Гичуи, 22, и Тереза Ндикару Мутури, 21, пристигнале во Австралија минатиот јули со туристички визи за World Youth Day (Светскиот младински ден).

Имаше неколку реакции за случајот, најмногу од политичката блогосфера во Австралија. Климатските промени и стратегиите за економски стимулации доминираа последната седмица.

Но написот во The Age привлече 54 коментари од онлајн читатели покажувајќи се освен незаинтересираност. Следниве коментари претставуваат спротивни видови на мислења, вклучувајќи:

Дозволете им на овие жени да останат.

Бен | Аделаида – 22 септември 2009 (Ben | Adelaide – September 22, 2009, 9:30AM)

Аплицирале. Апликациите им се оценети. Апликациите им се одбиени.
Пратете ги дома.
Затворен случај.

Дејвид_Т – 22 септември 2009 (David_T – September 22, 2009, 9:34AM)

Колку е жално што на овие две жени им е одбиен азилот. Австралија трeба да има уште повеќе луѓе како овие две девојки и што се однесува до мене, тие се добредојдени да останат колку што сакаат.

Џолисрогер | Таунсвил – 22 септември, 2009 (jollysroger | Townsville – September 22, 2009, 10:22AM)

На нејзиниот блог, во Pocket Carnival (Џебен Карневал), Пени Игер вели дека била присилена да му напише на Министерот за имиграција и жителство, Крис Еванс на неговата контакт страница, искажувајќи го својот гнев:

Само што чув за случајот на Грејс Гичуи и Тереза Ндикару Мутури, двете жени од Кенија на којшто им бил одбиен статусот на бегалци.

Верувам дека практиката на тортура во обрежувањето е ужасна и да им се одбие барањето за бегалска виза на овие две жени е слаб став за ова прашање.

Поитав да интервенирам за овој случај, не само да им помогнам на овие жени, туку и да пратам јасна порака до Кенија дека Австралија не ги затвора очите за вакви практики.

Религиозно прашање?

(Aussie News and Views) Австралиски вести и погледи -самоопределениот „Американски, австралиски, израелски, британски „пријател на Евреите и христијаните“ блог“ објави видео за овие жени и праша:

Леле, се прашувам кој стои зад ова? Кој вид на Сатана, кој го воспева ѓаволовиот култ, може да биде жив и здрав во Кенија денес и да им прави вакво нешто на младите жени?

Филип Мекгваер (Philip Maguire) во Whaddya Reckon? опиша неколку коментари на неговиот пост:

ДВЕ Кенијки-христијанки ќе бидат депортирани од Австралија и покрај заканата од соочување со смрт од обрежување.

Можеби требало да пристигнат овде завиткани преку брод од Индонезија.

Лиза Валентајн од Embrace Australia (Гушкајќи ја Австралија), онлајн заедницата на странци кои бараат да живеат во Австралија, исто така зазеде став за овој случај:

И Тереза и Грејс се преплашени од тоа каква судбина ги чека доколку бидат вратени во Кенија.

Портпаролот од Австралискиот оддел за имиграција рече „Според Конвенцијата за бегалци, тие не се надлежни да интервенираат во согласност со австралиските меѓународни обврски.

Девојките, заедно со сестрата Ејлин Кроу (Aileen Crowe), францисканска калуѓерка, која ги подржува, апелираа до австралискиот Министер за имиграција, Крис Еванс, но тој апел беше отфрлен. Имаше и втор апел и девојките го чекаа одговорот, но им беше кажано да се подготват за депортирање.

Иронично, според новата легислатива, Парламентот е должен да им осигури безбедност на девојките. Ова законодавство е наречено комплементарна заштита и има широки критериуми што се однесува за бегалците кои бараат заштита.

Онлајн кампања

На Facebook беше лансирана кауза со наслов Спасете ги овие жени од обрежување (Help save these Women from Genital Mutilation) од страна на Австралијци кои го подржуваат обидот на жените да останат во Австралија. Досега, 91 лице се приклучило. Беа објавени новости во вторникот од Ванеса Мурадиан:

Ова е најновата вест – изворите велат дека овие жени се заштитени во Австралија – се додека Еванс не реши што да направи со нив. Дали ќе бидат отфрлени или не допрва чекаме да дознаеме.. владата треба да им издаде комплементарна виза.. за што јас се уште истражувам во моментов – Во основа комплементарната виза ќе им ја дополни заштитната, СО ШТО ОВИЕ бегалци ќе се најдат под нејзина заштита. ВО ОВОЈ МОМЕНТ, заштитната виза не ги одбранува од ОБРЕЖУВАЊЕ и повреда на честа. Предлогот е поднесен до парламентот во септември и сега Либералната партија се спротивставува на овој предлог..

Токму сега на овие жени им треба нашата поддршка – Министерот Еванс ќе го донесе решението имајќи ја привилегијата за министерска интервенција.

Претпоставувам дека треба да контактираме со него…

Како и со другите владини тела коишто треба да и помогнат на владата да го изврши комплементарниот предлог!!!!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.