Пакистан: „Хеј! Зошто Гугл не игнорира?“

Пакистанците ги користат блоговите како медиум за да ги истакнат своите мислења за важни прашања поврзани со предрасудите на технолошкиот гигант Гугл. Една од тие работи се логата на Гугл (Google Doodles) за Пакистан. Овие лога се однесуваат на лого-дизајни за проекти на Гугл кои тој ги објавува повремено. Гугл прославува и дава почит кон одредени светски празници, настани и личности, користејќи ги овие лога. Никогаш досега не сме виделе вакви лога за познати пакистански или муслимански празници. Некои големи празници како Еид (Гозба на жртвата)  и Рамазан се слават низ целиот муслимански свет.

Лого на Гугл

Фотографија од Гугл лого од Фликер, од егг: Користена под Криејтив комонс лиценца

Блогерите имаат различни мислења и гледишта за причините и предлозите. Прв за ова почна да зборува Бајтс85 на ПроПракистани, а подоцна беше поддржан од многу блогери. Следуваат мислења на пакистанските блогери:

Сохаб Атар на Навистина Виртуелно пишува:

Јас лично мислам дека Гугл не покажува воопшто лога за муслимански настани поради нивната политика за „Не прави зло“ ;). Сериозно, Гугл не може да биде присилен да ги задоволи сите кориснички барања, посебно што овие лога се второстепена одговорност на човекот кој ги креира, но сепак:

  • Гугл има лога за други религиозни празници
  • Муслиманите се голем дел од нивната корисничка база – многу поголем од на пример Пакистанците или луѓе кои го сакаат Ешер.
  • Гугл има лога за родендени и други денови, кои само мал дел од светот ги прославува
  • Гугл е јавна компанија

…но досега да нема лого за ниеден муслимански настан/празник, пораката што ја испраќаат, за многу муслимани, кажува нешто ко „Ние сме најголемиот веб сајт во светот и сме глобална компанија, но не се грижиме многу за муслиманската култура и не сметаме дека е вредна за лого“ – навистина лош маркетинг.

Од друга страна, некои блогери се поучтиви и ги искажуваат своите гледишта за причините поради кои Гугл не сака да се вклучи во контроверзијата со карикатурите.

Еве што мисли Тит Маестро:

Она што навистина фали во бескрајниот список на илјадници Гугл лога е некое наменето за муслиманска прослава, дали ќе биде за Еид или било кој друг празник, кое ќе покаже дека може да се направи графика за муслимански настан и да не навлезе во потенцијална контроверзија, но јас ве уверувам дека постојат начини со кои ќе се обезбеди дека ваквите напори нема да завршат лошо.
[…]
Пакистан е на мапата на Гугл веќе некое време, но сè уште треба да бидеме почестени со графика за денот на независноста на Google.com.pk, нашите соседи Индија имаат добиено неколку вакви лога како што е за Дивали, па дури и 15ти август на Google.com.in сајтот. Но ние тука во Пакистан со нетрпение чекаме на вакво лого.

Го поттикнувам Гугл сериозно да ја разгледа нашата скромна молба, нема да биде на штета ако ги изненадат муслиманите и Пакистанците со прилагодено лого.

Сервисите на Гугл ги освоија повеќето пакистански и муслимански интернет корисници. Многумина го преферираат Гугл пред неговите конкуренти. Затоа не е во ред Гугл да има предрасуди кон ниедна заедница. Затоа е надевам дека Гугл ќе ги слушне нашите барања и ќе постави лого за Еид овој пат :).

1 коментар

Приклучи и се на дискусијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.