Египет: Џихад хакери

Дали џихад се преселува од земја во виртуелниот свет? Египетскиот блогер Марва Раха пишува тукатука) за влијанието на интернетот врз постојаната дебата помеѓу секуларните и исламските кампови во Египет.

Таа пишува:

Не е голема тајна дека бројот на Египќани кои веруваат дека Египет треба да стане секуларна нација се зголемува. Главно, интелектуалните, билингвални, добро-образовани луѓе сфатија дека нивните интер-религиски напори ја уназадуваат земјата.

Присуството и на секуларните и на религиозните Египќани, заедно со нивните дебати и борби, дефинитивно се почувствува во блогосферата и групите на Фејсбук. Раха објаснува:

Од друга страна, бројот на исламски фундаменталисти и муслимански браќа се зголемува. Нивните џихад методи еволуираа од мечови, бомби, банери, стикери и ленти во инвазија на онлајн светот.

Сигурно постојат уште оружја кои двете страни може да ги користат покрај аргументите и дискусиите на интернетот како воено поле. Раха објаснува:

Либералните активисти на Фејсбук беа главната цел на хакерите кои ги презимаа профилите, ги менуваа имињата на сопствениците, испраќаа пораки до нивните пријатели, ги бришеа профилите, ги саботираа нивните групи и користеа непристојни фотографии и зборови за тотално да го посрамотат сопственикот на профилот.
Групите кои беа нападнати започнаа да објавуваат навредливи пораки за администраторите кои изгубиле контрола врз групата и хакерите имаа поголем пристап до луѓе кои не сметаат дека Египет е исламска држава. Покрај нападите, тие креираа и лажни профили кои ги имитираа тие познати либерални писатели и активисти.
Еден од активистите рече „мојот профил беше нападнат, што е многу болно, особено што претходно ги изгубив сите мои податоци при приклучување на мрежа и морав да започнам од почеток. “
Друг активист рече „Јас им предложувам на сопствениците на групи секогаш да имаат резервен профил, а истото важи и за администраторите; Овој совет го добив од други сопственици на групи. Не ми се допаѓа идејата за не користење на мојот профил. Повеќе сакам да бидам јас, доколку постојат болни луѓе тоа е нивен проблем. Фејсбук ни овозможуваше да се споиме и да се запознаеме меѓу себе, но ако треба да поминувам низ вакво нешто, тогаш подобро да не го користам воопшто.“

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.