Македонски медиуми бојкотираат хип-хоп ѕвезда откако објави слободарска песна

Кадар од видео-спотот на Тони Зен „Под контрола“.

Кадар од видео-спотот на Тони Зен „Под контрола“.

Тони Зен, не толку одамна, беше најголема македонска хип-хоп ѕвезда и секој негов чекор беше следен од медиумите. Но, откако објави песна и видео за слободата на говор, медиумите едноставно го заборавија.

Фален заради добриот изглед од домашните медуми, интересен и како пријател на (тогашниот) главен телохранител на премиерот кој се појави и во негов видео спот, фален и од медиумите од соседството додека учествуваше во регионалното реално шоу „Преживеан“. Често можеше да се види на насловните страници и на малите екрани, а се појавуваше дури и на кориците на училиштени тетратки како детски идол, а направи и спектакуларен концерт во најголемата скопска сала.

Се чинеше дека новинарите обожуваа да зборуват за него, но се до март 2013 година кога го објави видео-спотот за песната „Под контрола“. Од тогаш и покрај претходната популарност, се чини дека ретко може да го видиме во македонските и регионалните медиуми.

…Медиумски притисок
со бомбардирање реклами
вака се прави
„Не размислувајте сами!“

Слободата на говорот
затворена во шахта
во канализација
фрлена целата правда

Нè скараа нè степаа
од коренот нè сменија
фаќаат сеири
додека дигаат империја…

…Знам дека не е вака
како што ни зборат
ние не сме вакви
не држат под контрола

Се знае дека
сè е под контрола…

Песната на Зен и амбициозниот, солидно снимен виде-спот директно се однесуваат на сè полошата состојба на слободата на говор и општествена поделеност во Македонија со аудио и визуелни референци на делата на американскиот комичар Џорџ Карлин и на британскиот писател Џорџ Орвел. Видеото доби и добри оцени од критиката и беше прогласено за најдобар видеозаписот за 2013 година од жирито на популарната манифестација Златна Бубамара.

Од друга страна, релативно мал број луѓе го имаат видено видеозаписот, бидејќи е комплетно отсутен од главните медиуми во земјата. Изведувачката кариера на овој уметник е како замрзната, а тој ретко се појавува на јавни настани.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.