Арапските блогери се среќаваат во Тунис

Во понеделникот во Тунис, започна 3 тата средба на арапските блогери со целодневна отворена конференција. Домаќини на средбата се Глобал воисес, Наваат и Фондацијата Хајнрих Бул а на истата се присутни околу 100тина блогери од речиси сите арапски земји. Нормално, за конференцијата се зборуваше многу на блоговите, не само на официјалниот блог на арапските блогери, туку и од страна на многу учесници.

Врските до репортажите во медиумите и блоговите се собрани тука (за да не известите доколку сме пропуштиле нешто, ве молам објавете во делот за коментари).

Сторија на Ал Џезира во врска со средбата открива: „Арапските блогери велат дека арапската пролет стана глобална“. Репортажата на блогот на англиски јазик го вклучи написот на Џилиан Јорк за Прв ден, прв дел и посебна листа која ги вклучува туниските блогери кои се сега вклучени во туниската политика на различни начини. Најголемите вести дојдоа од пионерскиот разговор со новиот претседател на туниската интернет агенција, во кој тој откри дека Тунис тајно тестирал софтвер за цензура на западните компании.

Мохамед Ел Гохари, Mohamed ElGohary, коуредник на Lingua Arabic. Фотографија на Мохамед Ала Гедих (употребена со дозвола)

Во наредните три дена, средбата продолжува во помала работилница врз основа на покана. Учесниците продолжуваат да ги објавуваат дискусиите на Твитер, користејќи го хаштагот #AB11, а конференцискиот блог ќе продолжи да ги објавува новостите. Затоа останете со нас.

Од страна на многу блогери се верува дека 2рата средба на арапските блогери, одржана во Бејрут во 2009 година, играше голема улога во изградба на лични врски и доверба меѓу блогерите во регионот – врски кои им овозможија да се координираат многу полесно за време на арапската пролет.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.