Обединети Арапски Емирати: Петмина активисти на судење поради „навреда“ на претседателот

За време на десетте месеци на Арапска пролет, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) го изразија своето противење за судењето на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак и испратија трупи, како дел од „Штитот на арапскиот полуостров“, да пружаат отпор на бунтот во Бахреин и уапсија неколку активисти кои бараа реформа.

Апсењата започнаа со блогерот Ахмед Мансур, за кој се зборува дека бил притворен додека зборувал на петочна молитва за поддршката на Арапската пролет, египетската револуција и третата палестинска интифада, кои не успеаја да се остварат пред неколку месеци. Другите четворица притворени се Насер Бин Гаит, Фахад Ал-Сихи, Хасан Али Ал Камис и Ахмед Абдулхалеќ Ахмед. Сите петорица се обвинети за јавно „навредување“ на претседателот на земјата и оние на врвот.

"Justice for UAE detainees" as published by blogger Khaled AlNuaimi

„Правда за притворените во ОАЕ“ како што е објавено од блогерот Калед Ал Нуаими

Реакции на апсењата

Бин Гаит се чини дека неодамна привлече многу внимание во западните медиуми, бидејќи тој не е пример на типичната слика за претставник на опозицијата; освен тоа што е ветеран, колумнист, предавач, одликуван пилот и син од богата фамилија, тој и служеше на владата како консултант во војската.

Другото име за кое медиумите најмалку беа засегнати е Ахмед Абдулхалеќ Ахмед кој случајно е еден од луѓето без државјанство во ОАЕ, причина која секогаш е запоставена како што богатата заливска земја продолжува да ги лишува луѓето без државјанство од нивните права и да го блокира секој напор да се открие нивната борба.

Нетизените немаа многу што да кажат освен да ги споделат неколкуте вести за одбивањето на петмината активисти да се појават на суд бидејќи поминаа шест месеци во затвор чекајќи да бидат обвинети на суд кој нема да им дозволи да се жалат на крајната одлука и кој најверојатно ќе ги осуди на долг период во затвор како што е  наменето за случаи на дејство против режимот и тероризам.

Помеѓу реакциите на Твитер беше онаа на Блејк Хоуншел (@blakehounshell), уредничка на Надворешна политика која престојува во Катар, каде коментираше за случајот на Бин Гаит велејќи:

@blakehounshell: Случајот против политичкиот затвореник на ОАЕ, Насер бин Гаит се чини како целосна глупост.

Еден од неколкуте познати твитерџии на ОАЕ, Султан Ал Ќасеми (@SultanAlQassemi) објави некои вести поврзани со судењето на активистите:

@SultanAlQassemi: властите на ОАЕ дозволија пристап на судењето. Четири групи за права испраќаат двајца независни правни набљудувачи да ги надгледуваат денешните сослушувања.

Сесили Хилеари (@VOAHilleary) од Гласот на Америка постави прашање во врска со Арапската пролет и заливскиот регион:

@VOAHilleary: Зошто пролетта не стигнува до заливот? Активисти на судење во ОАЕ, задушен бунт во Бахреин, зошто разликата во мислења секогаш се смета за навреда?

Колумнистот од Кувајт, Насер Ал Абдили (@bmckwt) напиша некои важни новости во врска со статусот на човековите права во ОАЕ:

إقالة ناشط حقوقي في الإمارات من وظيفته بسبب حديثه عن وضع حقوق الإنسان .. متى يتوقف هذا التعسف
@bmckwt: Активист за човекови права во ОАЕ штотуку ја изгуби неговата работа бидејќи зборуваше за ситуацијата со човековите права. Кога ќе престане сето ова прикривање?

Извршниот директор на Надзор на човекови права (Human Rights Watch), Кенет Рот (@KenRoth), напиша:

@KenRoth: Доколку угледен, одликуван пилот и предавач на Сорбона може да биде гонет поради лажни обвиненија во #ОАЕ, секој може да биде.

Надзор за човекови права беа типично нападнати онлајн од страна на многумина поддржувачи на режимот кои продолжија петмината активисти да ги нарекуваат предавници.

Еден од нив (@UAEVIP100) повика на протести пред судот против активистите:

الى الأشراف من أبناء أغلى الأوطان – يوم الأحد 2 اكتوبر – سنزحف الى محاكمة الخونة والمحرضين – سنكون بالالاف وسنهتف بصوت واحد – الا الامارات
@UAEVIP100: За чесните луѓе од мојата земја, во недела, на 2ри октомври, ќе одиме кај судот на предавниците и поттикнувачите и ќе бидеме илјадници кои викаат „ОАЕ се недопирливи.“

Блогерката Калифа Алнуаими (@Alnuaimi_k) од ОАЕ објави напис во кој има изјава од Др. Насер Бин Гаит, кој пред два дена вели дека бил малтретиран и му биле одречени неговите основни права додека бил во притвор. Тој вели дека ова го натерало да се соочи со реалноста на неговата земја која ќе го гони, и покрај неговата љубов и лојалност, за мислења кои тој ги напишал на онлајн форуми.

Друг напис објавен од истиот блогер зборува за тоа како властите од ОАЕ ја изиграле меѓународната заедница, организации и медиуми изјавувајќи дека судењето ќе биде јавно. Ал Нуаими вели властите манипулирале што да откријат, а што да прикријат од информациите за судењето.

Следното сослушување е закажано за 9 октомври. Според организациите за човекови права, активистите може да се соочат со казна од 5 години затвор доколку бидат осудени.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.