Поздравот од „Игри на гладот“ дава надеж на активистите за демократија во Тајланд

Во сцена што потсетува на холивудски филм, присутните на кремацијата на поранешниот заменик-спикер на собранието Апиван Виријачаи со три кренати прсти го поздравија поранешниот премиер на држава Јинглук Шинаватра, нешто што може да се гледа како тивка порака за надеж во Тајланд.

Ве молам знајте: се уште има многу граѓани на Тајланд кои се против државниот удар кои одбиваат да бидат под опресија на армијата

Фотографијата, која првично беше објавена на Фејсбук страницата на BBC Тајланд е споделена на таа платформа преку 650 пати и споделена на Твитер преку 70 пати, вклучувајќи и ретвитови од поединци со голема база на следбеници како што е @toyubomm. BBC ја постави оваа Фејсбук страница како напор за избегнување на систематски напади на владеење на правото и слободите кои следеа по државниот удар во мај, вклучувајќи ја забраната за политички собири и апсењето и задржувањето во притвор на стотици политичари и активисти против државниот удар.

Поздравот со три кренати прсти, испириран од фантастичниот блокбастер „Игри на гладот“се превзема како неофицијален симбол на активистите кои се против државниот удар и поддржувачите на про-демократското движење.

Оваа активност на Фејсбук и Твитер се случува во време на зголемени тензии во државата, со продолжувањето на масовната репресија од страна на хунтата врз слободата на изразување, вклучително и онлајн изразувањето. Покрај превземените мерки на цензура на граѓаните на социјалните мрежи и блокирање на стотици навредливи веб сајтови, вклучувајќи го и британскиот сајт на Дејли Мејл, минатата недела еден од големите политички блогови во Тајланд  на страницата на Дописници од Азија, Банког Пундит, објави дека прави пауза поради „ограничената средина на јавно коментирање за политиките на Тајланд непосредно по државниот удар“.

Додека затворањето на овој анонимен блог е чекор наназад во однос на слободата на изразување на граѓаните на Тајланд, споделувањето на фотографии како што е поздравот со три кренати прсти даваат мала доза на надеж за иднината на оваа, еднаш отворена и демократска држава. 

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.