Екологија: Средба на зелените блогери во Кејптаун, Јужна Африка

На 11 октомври 2008, Глобал војсис – екологија, Carbon Smart и Urban Sprout организираа средба за еколошките блогери во Кејптаун, Јужна Африка. Она што следува е краток преглед на она што се зборуваше на средбата.

Блогирањето за екологијата има разнолик аспект, бидејќи опфаќа огромна тема. Ова се одрази од разговорите на блогерите, a кога ќе ги посетите нивните блогови ќе забележите дека секој од нив пишува за екологијата на различен начин и дека тие имаат различни грижи. Од техники за зачувување на екологијата на Carbon Smart, до рецензии на ресторани и филмови на Relax with Dax… Блогерите од Јужна Африка имаат страст за екологијата и се дел од „зеленото движење“ кое се случува во светот. Прашањето кое јас го поставив беше зошто блогерите од Јужна Африка се најактивните Африканци кои пишуваат за екологијата? Дел од причината е дигиталниот јаз. Интернет пенетрацијата во Јужна Африка е релативно висока во однос со другите Субсахарни држави. Немаме видено толку големо појавување на „зелени блогери“ во други делови на Африка како што се случи во Јужна Африка (особено Кејптаун). Се надевам дека интернет пенетрацијата ќе порасне во Африка и поради тоа ќе имаме повеќе луѓе кои ќе пишуваат за теми поврзани со екологијата.

Накратко го дискутиравме блогирањето како бизнис, особено дали да се прифатат реклами на сајтовите и дали може ова да спроведе ефективно без притоа да се компромитира „гласот“. На пример доколку осудувате некои постапки на мултинационална компанија и доколку имате Гугл адс, нивната реклама може да се појави на вашиот сајт. Како ќе се справите со ова ефективно? Ова останува отворено прашање, а Ванда од UrbanSprout предложи да се има контрола врз огласите кои смеат да се појават на вашиот сајт преку било кој избран метод на огласување.

Друго прашање кое беше поставено од Рафаела од greenflavour беше за користењето на блоговите за еколошки активизам. Какви се резултатите од акциите на компаниите кои се обидуваат да ве тужат поради тоа што сте искажале свое мислење. Јас го спомнав Eff.org како извор на информации и Беркман центарот за интернет и општество за водич во законот и слободата на говорот.

Рори од Carbonsmart не предизвика сите нас да покажеме трансформација, да покажеме дека еколошкото движење се случува и дека луѓето размислуваат за своето влијание на животната околина и дека превземаат нешто за тоа. Рори има започнато проект со креирање на мапа, наречен „Greening Africa“. Оваа мапа е спомената во претходен пост на Глобал војсис – екологија.

Глен од UrbanSprout размислува за креирање на мапа од информациите собрани за деталниот директориум за зелени бизниси. Тој и Ванда го креирале директориумот од почеток и моментално тој е дел од сајтот на UrbanSprout. Тоа е одлично место за информации за многуте фудбалски фанови кои ќе пристигнат во Јужна Африка  за светското првенство во 2010. Обележете го Greenstay.co.za бидејќи тој го спроведе овој проект.

Имаше многу други интересни дискусии, но ова беше првиот ваков собир на блогери кои се грижат за животната околина, на кој тие разменија идеи и соработуваа за различни иницијативи. Би сакала да им се заблагодарам на сите блогери за нивното присуство. Се надевам дека ова е почеток на многу вакви средби. Заминав инспирирана и поддржана од еколошките блогери.

Блогери за екологија

Линкови до блоговите се наведени тука:

Рори Carbon Smart
Дакс Relax-with-dax
Глен urbansprout
Ванда Urbansprout
Сесил Dream in Green
Кендис Aspirant Locavore
Рафаела Green Flavour
Трејси Capetown Oracle и EcoStreet
Иан ‘GreenMan

Викито е достапно за идни средби и секако доколку има блогер што е заинтересиран да се приклучи на тимот на Глобал војсис за екологија  слободно нека остави коментар.

Фотографии од Кејптаун се објавени во галеријата на Фликер „Го сакам Кејптаун“. Уште еднаш благодарност до еколошките блогери во Јужна Африка за нивното време и гостопримливост.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.