Рајзинг Војсис номиниран за најдобар светски блог

Гласај за Најдоброто од блоговитеГраѓанскиот проект Рајзинг војсис на Глобал војсис е номиниран за наградата „Најдоброто од блоговите“ (Best of Blogs – BOB) во категоријата „Најдобар веб блог“. Повеќе од 8 500 блогови се предложени за номинација, а жирито избра 11 финалисти во секоја од 16те категории. Секој може да го даде својот глас за својот омилен блог до 26 ноември 2008.

Дојче Веле овозможува специјално внимание на промоцијата за слободен пристап до информации и изразување низ целиот свет.

Рајзинг војсис банерРајзинг војсис е проект кој овозможува микро-грантови за повеќе од дузина проекти за блогирање на заедниците од делови на светот кои се многу малку застапувани (благодарение на грант од Knight News Challenge).

Преку луѓето на овие извонредни заедници, ние учиме за граѓанските немири во Боливија преку блогерите од Voices Bolivian, ги запознавме новите блогери во Накура, Кенија од проектот Repacted и во Романија од проектот Blogging the Dream.

Погледнете го ова видео и ќе знаете за кого да гласате…

Во имејл до целата заедница на Рајзинг војсис (вклучете се тука) на 27 октомври, Дејвид Сасаки напиша:

Пази го ова: Некој го номинирал Рајзинг војсис за најдобар блог (во светот!) за овогодинешниот натпревар за „Најдоброто од блоговите“. Сугурен сум дека многумина од вас се свесни дека постојат блогерски награди колку и блогови, но овој натпревар е интернационално признат. Ние сме многу горди што сме номинирани заедно со такво добро друштво како што се Generación Y и Scienceblogs.de. Може да го дадете вашиот глас тука и да ги погледнете резултатите тука.

Натпреварот „Најдоброто од блоговите“ ги опфаќа блоговите и подкастите напишани на арапски, кинески, германски, француски, холандски, фарси, индонезиски, португалски, руски и шпански јазик. Може да погледнете мапа на светот со сите предложени кандидати на сајтот на наградата.

На Глобал војсис, Џулијана Ринкон напиша пост за некои од номинираните видео блогери.

Дадете го вашиот глас пред 26 ноември!

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.