Полска: Како да се бориме против нелегалната продажба на игри, филмови и музика

Како и секоја друга земја, така и Полска има долга традиција на пазари. Но се чини дека минатиот век донесе неколку промени во вредноста на тие пазари. Се уште можеме да најдеме традиционални пазари што продаваат храна и антиквитети во секој поголем град. Но, најпопуларни се пазарите познати по достапноста на нелегални игри, филмови и музика. Едноставно, бидејки се поевтини.

Сега, една полска новинска веб страница Газета објавува статија (полски) за предизвиците со кои се соочуваат властите во врска со оваа работа. Полицијата се бори за пронаоѓање на изворот и намалување на моменталната продажба на тие пазари – но не поради атрактивните цени: многу често продуцентите на оригинални софтвери и изданија ја охрабруваат нелегалната продажба за да промовираат одреден бренд-производ и да ги натераат корисниците да се обраќаат кај оригиналните производители за надградба, дополнувања, подобрувања. Статијата во Газета генерализира огромна дискусија на нивните форуми.

Еден од корисниците на Газета Форумите, Павел, споменува (полски) дека проблемот е покомплексен, бидејќи софтверот може нелегално да биде симнат и од интернет:

[…] Дозволете ми да Ве поканам на пазарот во Вроклав во недела – Јас се спротивставувам на тие пирати коишто само стојат таму „без никаков срам“ и само што ќе пристигне полицијата, тие исчезнуваат, бидејќи сите знаеја дека таа доаѓа. Ништо не се менува. И сите тие филмови, игри итн. можат да се симнат од интернет и да се стават на ДВД. […]

Друга личност, fixumdyrdum2, е убеден (полски) дека нелегалните копии од пазарот се многу подобри од оргиналните:

[…] Купување на софтвер резултира во софтвер кој е исто толку нелегален како и [пиратските копии], но со многу потешки опции за апдејт. Јас можам лесно да купам пиратска копија после софтверскиот апдејт, со следниот [Service Pack]. […]

Корисникот p24 се чини дека допира до вистинската причина за нелегалното симнување на скапите софтвери:

Јас би зажалил ако потрошам 20 злоти за апликација од пазар и нема да ми се оди таму ако можам да ја преземам бесплатно од интернет во секое време. Можеби не можеш да најдеш се, но се наоѓа доволно. Оваа војна не може да се добие со полиција. Можеби само некои битки. Освен ако не паднат цените.

Ајде да не заборавиме, како што homo_googleticus споменува (полски), дека ние овде зборуваме за незаконско однесување:

[…] Колку што можам да забележам, никој не го нарекува „пиратот“ КРАДЕЦ и незаконското продавање КРАДЕЊЕ. Тоа станува доста јасно од коментарите во оваа статија. […]

RT-bloguje објави блог изјава (полски) на темата каде што заклучокот е ист – ако цените за производите беа пристапни, луѓето впрочем би ги претпочитале оригиналите:

[…] Лично, јас би бил повеќе од среќен сега да платам за префрлање на филмови, музика или книги од мрежата ако начинот на плаќање беше пријателски и цените не толу високи. Ако можев, на пример, да добијам филмови приклучени со списанија за сума слична со цената на списанието (или можби дури и пониска). Секако, јас би платил повеќе за поново издание. […]

Дали е исплатливо? Ќе покаже времето.

Започни ја конверзацијата

Автори, ве молиме Најава »

Насоки

  • Сите коментари се модерирани. Не го поставувајте вашиот коментар повеќе од еднаш, бидејќи може да биде идентификуван како спам.
  • Ве молиме однесувајте се кон другите со почит. Коментарите кои содржат омраза, непристојност и лични напади нема да бидат одобрени.